Во книгите е речено декадушите не можат да добијат награда додека немаат сад кој е подготвен за примање.
„Израел нема да биде ослободен сè додека сите не бидат во едно братство”. Мудреците: „Исраел нема да се врати на својата земја сè додека сите не бидат во едно братство”. Треба да се разбере, колку единството на Исраел е поврзано со ослободувањето. Да почнеме од прашањето на Аврам: „Како јас ќе знам?...” [1] А Создателот му одговорил: „Зошто дојденците ќе бидат твои потомци... А потоа ќе излезат со големо наследство [2]. Тешко е да се разбере како ова дава одговор на прашањето на Аврам? Треба да се разбере целата суштина на ова создавање, во кое човекот толку страда. Зошто ми е тоа потребно? Зарем не можел Создателот да ги наслади Своите суштества без сето ова?
Меѓутоа во книгите е речено дека душите не можат да добијат добра награда, поради која Создателот ги создал нив и светот, сè додека немаат кли (сад) кој е подготвен за примање. Такво кли човекот стекнува само преку напори, и тежината на извршувањето на заповедите поради притисокот и војните со лошата склоност, со многубројните препреки и грижи. Тие маки и напори во Тора и заповедите ѝ даваат кли на душата, за таа да стане подготвена за примање на сите насладувања и благосостојби, заради кои Создателот ги создал сите суштества. Оттука е јасна изреката во Мишна: „Според страдањето е исплата”. Тоа значи дека наградата се мери со степенот на страдањето. На прв поглед тешко е да се сфати како страдањето на човекот е поврзано со неговата награда?
Но од реченото е јасно дека страдањата и напорите, подготвени во светот, се потребни замо за да се најде кли, кое ќе добие добра награда за напорите во Тора и заповедите. И логично, колку се поголеми страдањата на човекот во Тора и заповедите, толку поголемо е неговото кли, кое е веќе подготвено да добие максимална награда. Сега е јасен одговорот на Создателот на прашањето на Аврам: „Како јас ќе знам?..“ Прашањето на Аврам било предизвикано од тоа, што тој во духот на светоста ја видел големината на добрата награда, која ќе ја добие Исраел, благодарение на наследувањето на земјата. Бидејќи целото извршување на заповедите зависи од земјата. И запрашал Аврам: „Како јас ќе знам дека ќе ја наследам?” Односно, од каде ќе знам дека синовите на Израел ќе успеат да се удостојат да добијат толку голема награда? Од каде ќе добијат големи келим, (садови) кои ќе бидат достојни на тоа чудотворно примање? На тоа Создателот му одговорил: „Дојденците ќе бидат твои потомци... и ќе бидат робови, и ќе ги угнетуваат четиристотини години..“ Тогаш тие ќе имаат големи напори во Тора и заповедите. Аврам сфатил, дека на таков начин, тие без сомнеж ќе добијат големи садови за примање, и тој одговор целосно го задоволил.
Оттука следува, дека е потребна голема подготовка за наследување на земјата, бидејќи целата чудотворна сила на Тора и заповедите зависи од неа, и со нејзина помош ние го добиваме целото изобилство и благосостојба, кои Создателот ги замислил за сите души на Израел, пред да ги создаде. Затоа се зачудил Аврам, не сфаќајќи, од каде тие ќе земат толку големи садови за примање, за да добијат осветување на земјата, сè додека Создателот не му рекол, дека напорите во Тора и заповедите во египетскиот прогон ќе ги подготват тие големи садови, и тие ќе станат достојни на Светата земја. Тогаш прашал: „Тоа се однесува на оние кои ја учат Тора, но што да прават оние кои се занимаваат со материјалните работи и воопшто не се подготвени да ја учат Тора? Како да ги добијат тие садови?” Одговорот е даден во гореспоменатиот Мидраш: Исраел нема да биде спасен сè додека сите не бидат во едно братство. Бидејќи заедницата на Израел е навистина едно тело, и секој орган има своја посебна улога. На пример, главата извршува умствени пресметки, а рацете дејствуваат и ѝ служат на главата. Главата нема потреба да работи сама, таа нема неопходност од тоа, затоа што ја служат рацете. Рацете пак не треба да мислат за тоа како да работат, затоа што главата за тоа е сосема доволна. Затоа, ако синовите на Израел станат единствено братство, како едно тело во кое работниците, кои претставуваат раце, ќе ѝ служат на главата, тогаш напорите и страдањата на оние кои што ги водат работите на Тора и работата, ќе ги покријат потребите на работниците. Оттука се јасни зборовите на Мидраш за единственото братство, и спасителот ќе дојде во Цион...
[1] Тора, Берешит, 15:8. «Како јас ќе знам, дека ќе ја наследам?» (земјата)
[2] Тора, Берешит, 15:13-14. «Треба да знаеш, дека дојденци ќе бидат потомците твои во туѓата земја – и ќе бидат робови, и ќе ги угнетуваат четиристотини години. Но исто така народот, за кој ќе работат, ќе биде осуден од Мене – а потоа ќе излезат со големо наследство».