Решение
Низ времето и низ светот, мудрите луѓе не успеале да смислат решение кое ќе биде прифатливо за сите. Јас ви нудам искрено решение кое е прифатливо и сите ги соединува.
Новото општество
Прифаќањето на религијата: „Сакај го ближниот како себеси“, е многу едноставно. Тоа е правилен распоред на користа, за секој работник да работи според своите вештини и да прима според своите потреби. Приватната сопственост постои, но сопственикот не треба да ја користи повеќе отколку што навистина му треба. Сопствениците на имот ќе бидат под јавно набљудување, или под сопствено старателство, или преку сметковотство. Невработените ќе ги задоволуваат своите потреби исто како и вработените. Луѓето кои живеат во заедници ќе примаат исто како и работниците. Профитот ќе биде користен за градење на јавни имоти.
Промената на форма
Желбата за примање, која е вградена во секое суштество, има поинаква особина од таа на Создателот. Затоа, душата се одделува од Него, бидејќи различноста на особините во духовноста е како секира која го дели некој предмет на два. Така јасно е дека тоа што Создателот го сака од нас е еднаквост на особините, со што ние се враќаме и се припојуваме кон Него, како пред да бидеме создадени. Тоа е како во стихот: „Да се припиеш кон Неговите атрибути: како што Тој е милослив, и ти ќе бидеш милослив“. Тоа значи да ги промениме нашите атрибути, кои се желбата за примање, и да ги примиме атрибутите на Создателот, кои се состојат само од желба за давање, на таков начин така што секое дејствие ќе биде само за давање кон нашите пријатели и да им користиме со најдоброто од нашите способности. Со тоа ние доаѓаме до целта на сплотеност со Него, што значи еднаквост во особината. Работата која треба да ја направи самиот човек, а тоа е потребниот минимум за него и неговото семејство, не се смета за промена на особината, бидејќи „Неопходноста не се слави ниту пак се суди“. Тоа ќе биде откриено во времето на Месијата. Кога таа лекција ќе биде научена ние ќе го достигнеме целосно искупение.
Два пата за откривање на совршенството
Патот на Тора или патот на болката. Втората технника ќе донесе целосно уништување на светот со трета светска војна. Така преживеаните ќе одлучат да не работат за себеси повеќе отколку што е потребно и ќе го посветат остатокот на нивните дела за доброто на другите. И доколку сите нации на светот се согласат дека ниеден човек не треба да се грижи за себеси туку само за другите, нема да постојат војни.
Тора на Месијата
Тора е метод за добивање на еднаквост на својствата со создателот. Месијата ќе ги научи сите да го обожуваат Господ преку еднаквост на форма, што значи дека тој ќе докаже, доколку луѓето го следат неговиот пат ним ќе им биде подобро. Но, доколку тие не ја правземат на себеси работата за Господ, тие ќе бидат однесени на патот на болката и ќе бидат уништени од војна. Тогаш нациите на светот ќе бараат совет за тоа како да се одбегнат војни, и тие ќе дојдат кај Месијата, во Ерусалим, и тој ќе ги научи на оваа Тора.
Формирање на религијата
Формирањето на религијата на сите нации треба најпрво да ги обврзе своите членови да даваат кон своите пријатели со концепт според кој животот на другиот поединец е пред мојот, според дефиниција „Сакај го ближниот како себеси“, што значи дека никој нема да користи повеќе од општеството. Оваа е сфатлива религија за сите нации кои ќе делуваат во оваа рамка на новото општество. Поинаку, секоја нација може да си ја следи својата религија и традиција, и никој не смее да му се меша на другиот. Законите на оваа еднаквост за сите религија - давањето се:
1)Поедиенцот ќе работи за другите со најдоброто од неговите способности, дури и над тоа доколку е потребно, се додека повеќе нема глад во светото.
2) Иако некој е вреден работник, тој нема да зема повеќе корист од општеството, за стандардот на живеење да биде еднаков за сите.
3) Иако постои религија, треба да бидат дадени почести кои одговараат со религијата - тој кој дава повеќе на општеството да биде одликуван.
4) Законите на општеството ќе го казнат секој кој се воздржува да даде сè од себе.
5) Секој еден мора да настојува - според оваа религија - постојано да го зголемува стандардот на живот во светот, за сите оние кои доаѓаат во него да уживаат во животите сè повеќе и повеќе.
6) Не треба сите да бидат во духовноста, туку само неколкумина одбрани во зависност со потребите кои се менуваат. Ќе постои така наречен Врховен Суд, и сите кои сакаат да учествуваат во духовниот живот, прво треба да им биде дозволено од овој суд.
7) Секој поедиенц во групата кој влегува во новата рамка мора да направи заклетва за сојузништво и да вели сè што се случува е затоа што Бог така заповеда, или да ги учи неговите деца дека така заповедал Бог. Тие кои тврдат дека ја прифаќаат иделогијата треба да бидат прифатени под услови. Доколку ги исполнат условите треба да бидат прифатени. Тие треба да ветат да не го пренесат својот грешен пат на своите синови, туку да го доверат нивното образование на државата. Доколку тие не го сакаат тоа, тие не треба да бидат прифатени, бидејќи ќе ги расипат своите пријатели и губитокот ќе ја надмине можната корист.
8) На почеток треба да има помала организација чии членови ќе бидат желни да работат според нивните можности и да примаат во зависност од нивните потреби заради религиозни причини. Тие ќе работат внимателно како да се работници со договор, доколку е потребно и повеќе од осум часа на ден. Во оваа организација, ќе постои целосна администрација како таа на држават, за во иднина таа администрација на тоа мало општество да служи како рамка за сите нации во светот. Таа организација ќе биде централната точка, која се шири над нациите и земјите низ светот, и сите кои ќе влезат во таа рамка ќе го прифатат водствто и административната програма на таа почетна организација, за целиот свет да биде обединет во соочување со последиците на губитокот или користта.
9) Сите противречности помеѓу членовите на општеството ќе бидат разрешени помеѓу релевантните партии, и секоја партија кој ги искористува слабите или е строг со својот пријател ќе биде изолиран од општеството. Доколку во општеството се наоѓаат некои исклучоци, јавноста мора да биде известена за нив сè додека тие не се поправат. Доколку напорите на тие да се поправат не успеат, општеството треба да ги третира како отпадници за така тие да не можат да повлечат и други во општеството.
10) Ниеден нема да ја кажува својата потреба од општеството. Особено оние кои не се назначени, кои ќе се распрашуваат за потребите на секоја личност и ќе го зема во обзир нивното задоволство, за сите полека да бидат апсорбирани кон давање и никој да не ги зема во обзир своите потреби.
11) Слободата на поедиенцот треба да биде одржувана сè додека тоа не е штетно за општеството. Секој кој сака да замине и да се придружи на друго општество не треба на никој начин да се попречува, дури и доколку неговото заминување е штетно за општетвото.
Публицитет
Постојат три темели за циркулирање на религијата:
1) Задоволување на желбите: Во секој човек постои непозната искра која бара да се соедини со Бог. И кога некогаш таа оживува и го буди да го познава Бога, или да го негира Бога, (што е исто), и доколку постои некој кој може да ја задоволи таа потреба, тој би се сложил на сè. Во продолжение, таму постои работата за задгробен живот и награда во следниот свет. Исто така постои и работата на гордоста на поединецот и гордоста на нацијата.
2) Доказ дека светот постои за Него, особено во деновите на атомската ера.
3) Публицитет: најмување на луѓе кој тоа ќе го прошират во јавноста.
Не постои посилен удар на овој капиталистички режим од оваа нова форма на општество. Ние воопшто не треба да очекуваме дека капиталистичкиот режим ќе исчезне сам. Публицитет: доколку некој има на ум дека сите грешки се поправливи во новото општество, за него нема да биде тешко да се посвети себеси. Евреите треба да покажат пред народите новитет во мудроста на религијата, во правда и мир. Во тоа повеќето од нациите се наши ученици и оваа мудрост ни се препишува на нас, и ова е тоа што тие го очекуваат од враќањето во Земјата Израел. Израел е сиромашен, неговите жители се осудени да страдаат и да емигрираат од земјата. Единстевениот лек за тоа е ново општество кое не само што ќе ги обединува сите нации како една, во однос на меѓусебното помагање, туку му дава сила и издржливост на секој поедиенц. И најважно - новото општество дава сила да се работи на таков начин што продуктивноста на работата ќе ја надомести сиромаштијата. Доколку е прифатена таа религија, тогаш е можно градењето на Храмот.
Основата на сето ова објаснување е откривањето на материјаното и духовното создавање, што не преставува ништо повеќе од желба за примање, која се смета за постоење од одсуство, но тоа што го прима таа субстанца е продолжено постоење од постоење. Така ние живописно можеме да видиме, што бара од нас Господ: еднаквост на особините. Бидејќи според природата нашето тело има само желба за примање, а воопшто нема желба за давање, што е спротивно од особината на Создателот, кој е целиот во давање и воопшто не прима. Таа раличност во особините предизвикува оддалечување од Создателот. Затоа ние сме обврзани да му донесеме задоволство на нашиот Создател, преку Тора и Мицвот, и давање кон други, со цел да ја добиеме таа форма на давање и повторно да се припиеме кон Создателот како што било претходно.
Водачот на генерацијата
Луѓето природно му веруваат на водач кој нема личен интерес и нема обврски кон себеси, кој се посветува себеси и ја напушта својата приватност во корист на општото добро, бидејќи навистина тоа треба да биде така. Доколку водачот повреди друга личност заради некој личен интерес, тој е предавник и лажго и веднаш кога луѓето ќе дознаат за тоа, тие ќе го треснат на земја. Постојат два вида на личен интерес: физички и ментаелен. Не постои ниту еден водач на светот кој нема да потфрли кон јавноста во однос на менталниот интерес. На пример, доколку некој е милостив, и заради тоа тој не се ослободува од злосторниците и не предупредува за нив, или заради тоа што е исплашен од насилство, можеби дури и од одмазда од Создателот, и заради тоа тој се воздржува од потребните поправки. Така, заради личен интерес, тој ја уништува јавноста. Дури и доколку се ослободи себеси од материјален интерес, тој сепак нема да сака себеси да се ослободи од идеалистичен или религиозен интерес, иако тие се само негови, а воопшто не на јавноста, бидејќи тие во обзир го земаат само зборот „корист“, затоа што тие немаат ништо па дури и најидеалистичниот кој може да застане на патот на користа.
Добри дела и Мицвот (дела кои го забрзуваат сплотувањето)
Умот не може да забележи нешто што претходно не го забележале сетилата. Личноста не сака нешто затоа што е добро, туку тоа е добро затоа што тој тоа го сака. Сетилата не забележуваат нешто што претходно не било направено. Така, делото води до чувствување, што подоцна води до разбирање. На пример: сетилата не можат да уживаат во давање пред вистински да се даде, и невозможно е да се разбере големата важност на давањето пред твоите сетила тоа да го вкусат. Исто така, невозможно е да се ужива во сплотеност пред да бидат направени многу дела, кои можат да нè доведат до тоа, кои се сторени со цел да го задоволат Него, т.е да се прима задоволство од задоволството кое Тој го добива од твоето изведување на добрите дела. Еднаш кога е почувствувано тоа задоволство од правење добри дела, возможно е да го разбереме Него, според степенот на применото задоволство. Во религијата постојат две цели: А. Не за Нејзино Име, прагматизам, кога таа добива што сака, таа е задоволна.
Б. Религиозни, ментална потреба да се припои кон Него, што се нарекува за Нејзино Име. Со помош на делата тој може да дојде од „не За Нејзино Име“ до „За Нејзино Име“.
Целта и смислата на животот
Да се стекне сплотеност со Создателот, да може да го задоволуваме само Него, или да се прочистуваат други за тие да бидат во можност да достигнат сплотеност со Сзодателот.
Две служби во светот
Или кон Создателот или кон Неговите суштества, едното е морално. Не постои вкусување на целосна слобода освен за тие кои се слуги на Создателот и за ниедно друго суштество во светот.
Контакт, допир со Него
Нема ништо поприродно од достигнување на контакт со Создателот, како што е опишано во стихот: „Целата земја е полна со Неговата слава“, но поедиенецот не го знае тоа и не го чувствува. Обожувателот кој е обдарен со контакт со Него, добива само знаење. Така тој станува поприроден, поедноставен и посиромав, сè додека поедиенцот не е во можност да рече дека пред да биде обдарен, тој но исто така и масите, биле надвор од едноставната природа, но сега тој е едноставен, еднаков, и ги разбира сите луѓе и е многу вмешан со нив. Така никој друг не е поблизок и поприроден кон масите од него и тие треба да го сакаат само него, бидејќи тие немаат никој поблизок и побратски настроен од него.