Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Прогонство и покајание

Хармонија меѓу религијата и законот на развивање или слепа судбина

„И меѓу тие народи нема да имаш мир."
(Деут. 28:85)

Создателот јасно ќе ни покаже дека Израел не може да постои во прогонство, и дека нема да најде мир како другите народи кои се мешаа со народи и најдоа мир, и се претопија во нив, додека од нив не остана ни трага. Не е така со куќата на Израел. Оваа нација нема да најде мир меѓу нациите додека не го спознае стихот, „И оттаму ќе го побарате Господа својот Бог и ќе го најдете бидејќи ќе го барате со сето срце и сета душа" (Деутер. 4:29)

Ова може да се испита со проучување на Провидението и стихот кој вели во врска со нас, „Тората е вистинита и сите нејзини зборови се вистина, и тешко нам сè додека се сомневаме во нејзината вистинитост." А за сите прекори што ни се случуваат велиме дека се случајност и слепа судбина. За тоа има само еден лек – да нè снајдат пак маки до таква мера што ќе видиме дека не се случајни туку непоколебливото Провидение, наменето за нас во Светата Тора.

А ова треба да го разјасниме со самиот закон на развојот: со природата на постојаното водство што го имаме преку светата Тора, како патот на Тората во Провидението (види „Два пата"), нашиот развој беше многу побрз од тој на другите народи. И бидејќи членовите на оваа нација така се развија, секогаш имало потреба да се оди напред и да се биде крајно вреден со сите Мицвоти на Тората. А бидејќи не сакале да го прават тоа, туку сакале да ја вклучат својата теснограда себичност, т.е. Ло Лишма, тоа доведе до пропаста на Првиот Храм, бидејќи сакаа да ги величаат богатството и моќта над правдата, како што прават и други народи. Но бидејќи Тора тоа го забранува, иако ја порекнуваа Тората и пророштвото, тие почнаа да се однесуваат како соседите за да можат да уживаат во животот онолку колку што од нив бараше себичноста. А бидејќи го правеа тоа, силата на нацијата се распадна: некои ги следеа кралевите и себичните офицери, а некои пророците. И таквата раздвоеност продолжи до пропаста.

Во Вториот Храм, тоа стана уште поочигледно, бидејќи почетокот на раздвојувањето беше јавно прикажан од недоблесните ученици, на чело со Цадок и Битос. Нивниот бунт против нашите мудреци се вртеше главно околу обврската на Лишма, како што велеа нашите мудреци, „Мудри луѓе, бидете внимателни со вашите зборови. " Бидејќи не сакаа да престанат со себичноста, создадоа такви расипани заедници и станаа големата секта позната како Цдоким, кои беа богаташи и офицери, и следеа себични желби спротивно на патот на Тората. И се бореа против Прушим и доведоа до поробување на Израел од страна на Рим. Тие се оние кои не сакаа мир со потчинителите, како што советуваат нашите мудреци преку Тора, додека куќата не пропадна и славата на Израел не отиде во прогоноство.

Разликата помеѓу секуларен идеал и религиозен идеал

Секуларниот идеал произлегува од човечноста и затоа не може да се издигне над човечноста. Но религиската идеја, која доаѓа од Создателот, може да се издигне над човештвото. Тоа е затоа што основата на секуларниот идеал е изедначувањето и цената на славењето на човекот, и тој делува за да се фали себеси во очите на другите. И иако понекогаш е посрамен во очите на своите современици, тој пак се потпира на другите генерации и тоа останува нешто скапоцено за него, како скапоцен камен кој му дава сила на сопственикот, иако никој не знае за него ниту го цени.

Меѓутоа, религиската идеја е заснована врз славата во очите на Бога. Затоа, тој што следи религиска идеја може да се издигне над човештината. И така е меѓу народите кај кои сме во егзил. Сè додека го следевме патот на Тората, бевме безбедни, бидејќи сите нации знаат дека сме високо развиена нација и ја посакуваа нашата соработка. Тие не експлоатираат, секој според сопствените себични желби. Па сепак, имаме голема власт меѓу нациите, затоа што и по сета експлоатација, остана уште солиден дел за нас, поголем отколку за граѓаните на таа земја.

Но бидејќи луѓето се побунија против Тората во своите намери да ги остварат своите себични планови, тие ја изгубија смислата на животот, т.е. Божјето дело. И бидејќи возвишената цел беше заменета со себични цели на животните задоволства, секој што достигна богатство ја остваруваше својата цел со слава и убавина. А таму кај што побожниот човек го трошеше својот вишок пари на добротворни цели, градење манастири, и слични такви колективни потреби, себичните вишокот го трошеа на животните радости: јадење и пиење, облека и накит, и се изедначија со најистакнатите во секој народ.

Со овие зборови, само сакам да покажам дека Тората и природниот закон на развој одат заедно во чудесно единство дури и со слепата вера. Така, сето лошо кое што ни се има случено откако сме во прогонство, за кое имаме многу да раскажуваме од неговиот почеток, се има случено само затоа што ја кривотворевме Тора. А да ги следевме нејзините заповеди, ништо лошо немаше да ни се случи.

Согласност и единство меѓу Тора и слепата верба, и развојот на човечкото пресметување

Затоа, сега и предлагам на Куќата на Израел да им каже на нашите маки, „Доста!" и во најмала рака, да направи човечка пресметка во врска со тие авантури што ни ги наметнаа толку многу пати, а и во оваа наша земја. Сакаме да започнеме наша политика, бидејќи немаме надеж дека ќе се држиме за земја како народ се додека не ја прифатиме нашата света Тора без никакви изговори, до последниот услов на делото Лишма, а не за себе, без никакви остатоци на себичност, како што докажав во статијата „Матан Тора." Ако не се воспоставиме на тој начин, тогаш меѓу нас има класи, и несомнено ќе не туркаат лево и десно како што се случува со сите народи, и уште повеќе од тоа. Така е затоа што природата на развиените е дека не можат да се ограничат, бидејќи ниедна важна идеја која доаѓа од човек со свое изградено мислење нема да се наведне пред ништо и не познава компромис. Затоа нашите мудреци велат, „Израел е најжестока нација", бидејќи тој што има широк ум е најтврдоглав.

Тоа е психолошки закон. А ако не ме разбирате, проучете ја оваа лекција меѓу современите членови на нацијата: иако само што почнавме да градиме, времето веќе ја разоткри нашата жестокост и решителност, а тоа што еден го гради, друг го урива. Тоа им е познато на сите, но има само една новина во моите зборови: Тие веруваат дека на крај, другата страна ќе ја сфати опасноста и ќе се поклони и ќе го прифати нивното мислење. Но јас знам дека и да ги врземе сите заедно во една корпа, никој нема да му се предаде на ниеден друг, макар ни малку, и никаква опасност нема да прекине никого од нив во остварувањето на нивната амбиција.

Со еден збор: Сè додека не ја издигнеме нашата цел над телесниот живот, нема ни телесно да се воздигнеме бидејќи духовното и телесното во нас живеат во иста корпа, бидејќи ние сме деца на идејата. А дури и да сме потопени во 49 капии на материјализмот, пак нема да се откажеме од идејата. Затоа, светата намена на правењето се во Негово име е она што ни треба.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели