Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Четири света

Четирите форми кои во себе ги содржат сите форми од светот.

Законот е таков – се достигнува материјата и формата, чиј почеток е битието, а исто така и средствата за обезбедување на егзистенцијата на „битието”, апстрахирано од материјата и формата, кои претставуваат „четири света”. Тие се постигнуваат во сè (светот е и давател и примател), а ние ја изучуваме само материјата и формата на световите Јецира и Асија. На нив е концентрирана работата, бидејќи светот Брија е нивно заедништво, и тешко се восприма од разумот. Основа е формата, која е светот Асија, т.е. материја на голем број на детали (особености) од кои секој, се разбира, има своја посебна форма. Тоа лесно се восприма од разумот и го развива, овозможувајќи да се истражи секоја посебно земена особеност, таа да се оддели и да се разликува од другите, што всушност е цел на работата – да се спознаат предностите на Светлината над мракот во секој детал од постоечката реалност, како што е речено: „Сè се разјаснува со мислата”.

Четири форми: точка, линија, рамнина, коцка

Во светот постојат четири форми: точка, линија, рамнина и тродимензионална фигура, која се добива со меѓусебно помножување на сите овие форми. Тие четири форми во себе ги содржат сите форми од светот. И сè, што се наоѓа на копното, се наоѓа во морето на разумот (Хохма), т.е. во Вишите Светови. А овој свет не е ништо друго, туку материјал, отпечатен од спуштените Виши духовни светови, кои нè чекаат во иднината при достигнувањето на идниот свет. Меѓутоа за време на работата, т.е. во реалноста на овој свет, ние немаме други достигнувања, освен тие што се претвораат во материјални форми.  И тоа се тие материјални форми, без кои ние, се разбира, немаме никаква можност да сфатиме и постигнеме било што. Затоа ние го достигнуваме Создателот на сето суштинско во името АВАЈА, кое ги содржи во себе сите видови на форми, кои постојат во светот, каде што точката и линијата се „јуд” и „вав”, и двете букви „хеј” се рамнината и тродимензионалната фигура. Последната буква „хеј” – е откривање на првата буква „хеј”, само во повеќе материјална форма, т.е. во форма која зафаќа место, додека трите претходни форми апсолутно не зафаќаат место. И сфати го тоа.

Всушност, исто така се достигнува и почетокот на точката, на што укажува почетокот на буквата „јуд.“ И тоа е причината што ова име е извор на сите имиња, т.е. секое име е примање и давање. Бидејќи суштината на Создателот е апсолутно несфатлива, се достигнува влијанието кое ни доаѓа од Создателот, и затоа целото создание претставува откривање на дејствата на Создателот – името на Создателот. Оној, кој што ги следи случувањата и ги обединува со коренот, го посветува името на Создателот. Т.е., името е она што го прима, истражувајќи и спознавајќи го Давателот. Дел од суштествата од нашиот свет се наоѓаат во темнина, немајќи име. Тоа значи, дека луѓето не можат да видат, дека управувањето и сè што се случува произлегува од Создателот, бидејќи изгледа навидум спротивно на Неговата желба. Но на сите им е познато, дека власта на Создателот се манифестира во сè. И кога оној, кој што достигнува доаѓа до тоа, застанува и истражува, па се испоставува дека и тоа е резултат на доброто, што произлегува од Создателот. Со тоа тој го посветува името на небесата и ја крева искрата на Создателот од своите егоистички желби. Така, соодветно на целосноста на анализата и степенот на спознавањето на тој, кој што постигнува, се постигнува величието на „Името”. И оној, кој што се стреми кон Создателот верува и со љубов се соединува со името. Тоа се нарекува кревање на МАН, молбата за поправка, и слегување на МАД, со слегување на Вишата Светлина, која што поправа, се крева и се враќа неколку пати, секој пат зголемувајќи го спознавањето, сè до состојбата, кога тој, кој што достигнува станува партнер на Создателот во Неговото основно дејство. И како што Создателот ги создава световите, така и тој создава светови, активно учествувајќи во управувањето.

Дејство на поправка

Без оглед на тоа што сè се разјаснува во мислата, сепак од страна на нижиот потребно е извршување на дејството во пракса, бидејќи навистина сè треба да се прошири до светот Асија, затоа што вистинското откривање на Создателот се пројавува во ширењето до светот Асија, како што е речено: „И сите ќе ме спознаат, и младо и старо”. Затоа, намената на посебното дејство е: со практично дејство во сè, да се пробуди соединувањето со Создателот. Токму во тоа e содржана смислата на дејството на поправка.

Три сојузи

Од ова сфати ја смислата на трите сојузи: сојузот на видот, сојузот на јазикот на комуникација, и сојузот на кожата. Тоа значи, дека основата на соединувањето и кревањето на МАН се одвива во мислата. Но, во секој случај, тоа осознавање не добива таму завршница сè додека неговото внатрешно осознавање не се манифестира однадвор, со помош на органите на неговите дејства, во трите места на посакуваниот и видлив лик на Создателот: во сојузот на јазикот, сојузот на видот и сојузот на кожата. Секој од нив дејствува соодветно со своите особини. Завршување на соединувањето со Создателот е можно со помош на видот, можно е и со помош на говорот или практичното дејство. Што се однесува на сојузот на кожата, - што помалку со него се занимаваат, толку е подобро. Доказ за тоа е што користењето на сојузот на видот е добро во работата меѓу себеси и пријателот, меѓутоа користењето на сојузот на кожата во однос на себеси е сериозен престап. Како што е познато, секој парцуф се преслекува во НЕХИ од вишиот парцуф, така што „Пе“ од нижиот парцуф се наоѓа на ниво на Јесод од вишиот. Ако е тоа така, тогаш Ејнаим на нижиот се наоѓаат на местото Јесод на вишиот, и на таков начин нижиот не ги постигнува Ејнаим на вишиот.

Од ова следува, дека ние се преслекуваме во духовното само со нашите „очи и уста”, и затоа сите наши соединувања се одвиваат во овие два сојузи: пе и ајн (устата и очите). И да знаеш, дека Создателот им дал моќ на овие два сојузи, за да ги пренесува сите форми на светот од еден на друг со нивна помош, од Учителот на ученикот, писмено или усно. На таков начин, очите имаат моќ преку писмото да ја добијат целата мудрост на светот, а исто и устата – да го даде целото богатство на светот на својот пријател. Сите светови биле создадени за ништо друго, туку за науката кабала, за да може вишата и апсолутна мудрост да стигне до оние, кои што се поправаат со помош на тие три сојузи, што претставува суштина на писмената и усната метода на кабалата.

Букви и точки

Распространувањето на давањето се одвива со помош на букви и точки, бидејќи окото не восприма повеќе од букви и точки, од кои неговото срце ќе сфати. Исто така и устата не подлежи на друго влијание, освен буквите, и затоа тоа е наречено срце, бидејќи ја добива мудроста по 32 канали на давањето (32 е гематрија на зборот „лев” – срце), т.е. преку 22 букви и 10 точки, кои претставуваат основа на формите на светот, и се наполнети со мудроста и животот на светот. Во тоа е смислата на четирите букви од името АВАЈА, кои во себе ги содржат сите форми на писмото и говорот, бидејќи градбата на буквите се точки и линии, каде што секоја точка е скратување, а секоја линија е распространување.

Суштина и келим (садови)

Светлината и кли (сад) укажуваат на два вида на Светлина:

1. Светлина во однос на тој што работи

2. Светлина во однос на тој, врз кој влијаат. Во тоа е содржана тајната на машкото и женското начело – Захар и Нуква, линии и решимо, души и тела, Мелех и Малхут, Создателот и Шхина, милосрдието и законот, за да се заврши работата во вистинско соединување.

Суштината управува и се открива во садот, соодветно со пробудувањето на садот и неговата подготвеност, и во тоа е тајната на состојбите ЗОН, бидејќи Нуква не е ништо друго, туку тие што примаат, соодветно со нивната подготвеност во духовната работа. Овие два вида ги разликуваме во сите суштества, а природата на суштината не може да се разликува никаде, освен во кли, во кое таа се преслекува. И ништо не се восприма со свеста освен во садот, во кој се преслекува суштината, како што е речено: „Моето тело е потпора на Создателот”. И бидејќи блискоста на Создателот со суштествата се спознава со методата кабала, како дар од Создателот, затоа „во дарот е делот на Создателот”, т.е. навистина се спознава особината на Создателот. Така, може да се рече, дека ние безусловно го спознаваме Создателот. Но, не е дадено да ја спознаеме Неговата суштина, и ако велиш, дека го знаеш својот брат, сепак нема да дознаеш повеќе за него, освен преку неговото кли, во кое е преслечена суштината на Создателот. И јасно е, дека во сите искажувања во кабалата, и во молитвата, каде јасно се чувствува управувањето на Создателот, станува збор за вистинско откривање на Создателот и Негово природно спознавање, во целосното спојување.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели