Искупение само преку кабала
Знај дека на ова се мисли кога е речено дека децата на Израел ќе бидат искупени само откако мудроста на притаеното ќе биде откирена во голем степен, како што е запишано во Зохар: „Со ова дело, децата на Израел се искупени од прогонството.“ Ова е така, затоа што во тоа време постоела надеж за искупување, која се одразила и во пишувањето на Зохар, кое започнало во деновите на Рашби, кога се појавил Бар- Кок Хева. Раби Акива, учителот на Рашби, за него рекол: „Таму напред ќе чекори ѕвездата на Јаков.“ Така, после рушењето на Беитар постоела голема надеж.
Пишувањето на Зохар и неговото скривање
И заради тоа, Рашби си дозволил да ја разоткрие мудроста на скриеното во неговите книги, Зохар и Тикуним. Но, тоа било со голема грижа, бидејќи тој му дозволил само на Раби Аба, кој можел да разоткрива со внимание, за само мудреците од децата на Израел да разберат, кои од страв да не обесчестат, ќе знаат како да ги извршат работите, а мудреците од нациите на светот да не можат. Тоа било во времето на нашите мудреците, од кои пронаоѓаме како ги запишале нивните работи во Зохар.
Разоткривање на кабалата е Божја желба
Навистина, Божја желба било нејзиното појавување. Затоа таа стигнала до вдовицата на Раби Моше де Леон. Таа го наследила ракописот од нејзиниот сопруг, и тој најверојатно не ѝ кажал ништо за забраната да разоткрива, па таа, случајно, самата го разбрала.
Маќите на Израел се заради разоткривањето на кабала. Навистина, до ден денешен, тоа предизвикало многу разурнувања во куќата на Израел заради горенаведените причини.
Корист од разоткривањето на кабала
Не постои лошо без добро. Затоа, оваа власт, која нациите на светот ја стекнале со крадење на тајните на Тора, предизвикало голем напредок во светоста. Според моите проценки ние се наоѓаме во генерација која стои на прагот на искупување, доколку само би знаеле како да ја прошириме мудроста на притаеното кон масите.
Првата корист
Освен наједноставната причина на „тој голтал богатства, и ќе ги поврати,“ ова ќе открие што стои помеѓу мојот син и мојот свекор, и разликата помеѓу суштината на нуклеусот и горната Клипа (школка, лушпа), од која се излупени сите мудреци од нациите на светот. Ова е затоа што сите табори на Израел, кои ја негирале Тора, со сигурност ќе се вратат кон Создателот и кон Неговата работа.
Втората корист
Не постои друга причина за тоа: ние прифативме дека постои предодреденост во однос на искупувањето - дека сите нации на светот ќе го признаат законот на Израел, како што е запишано: „ ... и земјата ќе биде полна со знаење,“ како во примерот со прогонот од Египет, каде што постоело предодреденост дека и Фараонот, исто така, ќе го признае вистинскиот Бог и Неговите закони, и ќе им дозволи да заминат.
Искупение преку ширење на кабала меѓу нациите на светот
Затоа е запишано дека секоја од нациите ќе има Евреин кој ќе ги доведе до Светата Земја. Не е доволно тие да заминат самите. Мора да разбереш од каде нациите на светот ќе дојдат до таква желба и идеа. Знај дека тоа е преку ширењето на вистинската мудрост, за тие на крајот да го видат вистинскиот Господ и вистинскиот закон.
Ширење на мудроста кабала низ светот
Ширењето на мудроста кај масите се нарекува „Шофар“, рог. [1] Како гласот на рогот, кој патува во далечина, ехото на мудроста ќе се рашири низ целиот свет, па дури и нациите ќе го слушнат и ќе признаат дека постои Божествена мудроста во Израел. Откровението на кабала кон сите нации преставува откровение на Елијаху (Илија)
Оваа работа била речена за пророкот Илија, бидејќи разоткривањето на тајните на Тора секогаш се нарекува: „Разоткривање на Илија.“ Тоа е како што рекле: „нека одмара сè додека не дојде Илија,“ и исто така, „Тишби ќе ти ги разјасни прашањата и проблемите.“ Заради оваа причина, тие рекле дека три дена (позната најава) пред доаѓањето на Месијата, Илија ќе се искачи на ридот и ќе дувне во големиот рог, итн.
Разоткривање на кабала пред сите нации е предуслов за целосно искупение
Мора да се разбере дека овие најави: работата околу рогот претставува само разоткривање на мудроста на притаеното кон масите, што е неопходен предуслов кој мора да биде направен пред целосното искупение.
Книгите во оваа мудрост, кои веќе биле разоткриени преку мене, ќе сведочат за тоа; дека работие кои се со најголема важност се раширени како наметка која треба да ја видат сите. Ова е вистинско сведоштво, дека ние се наоѓаме на прагот на искупувањето, и дека гласот на големиот рог веќе бил слушнат, но не во далечините, туку затоа што неговиот звук е сè уште тивок.
Навистина, секоја големина бара предходна малост, и не постои силен звук доколку не предходи тивок звук, бидејќи тоа преставува начинот на рогот, кој постојано се засилува. Кој знае подобро од мене дека јас воопшто не сум достоен да бидам гласник и писар во процесот на разоткривање на такви тајни, а уште помалку темелно да ги рабирам. И зошто Создателот мене тоа ми го сторил? Тоа е затоа што оваа генерација е вредна за тоа, бидејќи оваа е последната генерација, која стои на прагот на целосно искупение. Заради оваа причина, вреди да се започе да се слуша гласот на рогот на Месијата, кој претставува откривање на тајните, како што беше објаснето.
[1] Напомена од преведувачот: Шофар е рог од овен, кој понекогаш се користи на еврејски празници.