Слушнав во 1943 г.
Во Берешит е речено: „Поле благословено од Создателот“. Шхина се нарекува поле. Понекогаш полето, „саде“ (שדה), станува лага, „шекер“. Буквата „хеј“ (ה) е составена од две букви, буквата „вав“(ו) и буквата „далет“(ד), од „саде“. Буквата „вав“ внатре во буквата „хеј“ ја означува душата, а буквата „далет“ ја означува Шхина. Кога душата на човекот се облекува во Шхина, се добива буквата „хеј“. Но, ако човекот посакува во вербата да додаде знаење и примање, со тоа тој ја продолжува буквата „вав“ надолу, односно кон нечистите сили и од буквата „хеј“ се добива буквата „куф“, а буквата „далет“ станува буква „реш“.
Заради тоа што буквата „далет“, која го означува својството „дал“ (сиромашен) и не се задоволува со вербата, туку сака да додава, тоа својство се претвора од „далет“ во „реш“, како што се вели: „А тој, дури и да царува, сепак е роден сиромав“ (Коелет). Зборот „дал“ (сиромашен) станува зборот „раш“ (низок, сиромав), затоа што внесува во себе „урокливо око“ – како во разумот, така и во срцето, за што е речено: „И ја глода неа дивата свиња“ (Псалм 80). Тоа око е „завидливо“, затоа што се враќа кон поделбата, кога нечистата сила ќе стане ангел на светоста.
Во тоа се состои смислата на реченото: „Благословен е Создателот засекогаш!“, затоа што човекот доаѓа до состојба кога од него излегува целата животна сила, но тој секој пат закрепнува и тогаш се удостојува да стане како „Поле благословено од Создателот“, а завидливото око се претвора во добро.
Окото се нарекува „завидливо“ затоа што се наоѓа во сомнеж – дали да биде добро или лошо. И затоа се враќа на поделбата за која што е речено: „Еден е достоен за другиот“, како што е речено: „Немаше поголема радост од денот кога Создателот ги создаде небото и земјата“.
Затоа на крај ќе се оствари реченото: „Ќе биде Создателот единствен и Неговото име единствено“, во што се состоела замислата за битието. И сè ќе стане како една целина во својата поправена конечна состојба, затоа што кај Создателот минатото, сегашноста и иднината се исти и еднакви. Затоа Создателот ја гледа крајната форма на битието, какво ќе стане тоа на крајот од своето поправање, кога внатре во него ќе бидат сите души од светот на Бесконечноста во своето совршенство, и таму нема да има никаков недостаток.
Меѓутоа, битијата сè уште го чувствуваат отсустовото на совршенството и им се чини дека е потребно уште да го дополнуваат и поправаат во себе она што им е наменето, што се нарекува: „Она што го направил Создателот за исполнување“. Значи сите недостатоци и гневот (како што е речено: „Кај злобниот човек нема ништо освен гнев“) се вистинската форма за појавата на егоизмот и сите поправања се насочени само кон негово претворање во давање. Тоа е целата работа на човекот.
До создавањето на светот сè било во Единствениот Создател, како што е речено: „Тој и името Негово се единствени“, односно иако Неговото име произлегува од Него и се појавува надвор, кога почнало да се нарекува Негово име, сепак тие се единствени. Во тоа е смислата на зборовите: „Еден е достоен на другиот“.