Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

117. Си вложил напори и не си нашол – не верувај

Слушнав

Вложувањето напори е наша обврска. Со давањето подарок на човекот, Создателот сака тој да ја почувствува вредноста на подарокот, инаку ќе стане сличен на глупав човек, за кој што мудреците рекле: „Каков глупав човек. Го губи она што му се дава“. Штом не го цени подарокот, значи дека и не се грижи за него.

Како по правило, човекот не чувствува никаква вредност за некоја работа која што не му била неопходна. Но, колку посилно чувствува потреба од неа и страда од тоа што ја нема, толку повеќе ќе вкуси наслада и радост кога ќе го достигне посакуваното. Исто како човек, на кој му се нудат разни вкусни напитоци, меѓутоа ако тој не чувствува жед, во нив нема да почувствува никаков вкус кој е „како балсам за намачена душа“. 

Затоа, кога се подготвува гозба за да се насладат и израдуваат пријателите, заедно со рибата, месото и најразличните вкусни работи, на масата се ставаат лути и горчливи зачини како сенф, лута пиперка, саламура и туршија. Сето тоа е за да се возбудат страдањата од гладот, затоа што кога срцето ќе го почувствува горчливиот и лутиот вкус, во него се буди гладот и желбата кои потоа може да се задоволат на трпезата со секакви вкусни работи.

На никој нема да му текне да рече: „Зошто ми се овие зачини кои предизвикуваат страдање од гладот? Зарем не е доволно домаќинот да го приготви само она што ќе ја задоволи желбата на гостите, односно самото јадење, без да разгорува уште поголем апетит кај нив? Одговорот им е јасен на сите, а тое е дека домаќинот сака гостите да се насладат од вкусните работи, а колку поголем глад ќе почувствуваат, толку поголемо насладување ќе добијат од трпезата.

Затоа, за да се удостоиме со Светлината на Создателот, потребно е да страдаме од нејзиното отсуство. Чувството дека ја нема, директно е поврзано со вложените напори – колку поголеми напори вложува човекот и се стреми кон Создателот во времето на најсилното сокривање, толку повеќе има потреба од Создателот – Тој да му ги отвори очите и да му даде можност да оди по патот на Создателот. Кога ќе го добие тоа кли – страдање од отстуството на Создателот, тогаш Тој му помага на човекот одозгора и, природно, таквиот подарок човекот ќе знае да го зачува. Така, напорот е спротивната страна (Ахораим). А кога човекот ја добива спротивната страна, тој добива можност да се удостои со страната на лицето (Паним) – откривање на ликот на Создателот .

И за ова е кажано: „Глупавиот не се стреми кон мудрост“, односно не чувствува желба да вложува напори за да достигне мудрост. Значи, тој ја нема „спротивната страна“, што пак, значи дека не може да ја открие „страната на лицето“, ликот на Создателот. И за ова е речено: „Колкави се страдањата – толкава е наградата“, односно страдањата ги означуваат вложените напори и создаваат желба во човекот, кли, кое ќе му овозможи да добие награда. Колку поголемо ќе биде неговото страдање, за толку поголема радост и наслада ќе може да се удостои подоцна.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели