Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

118. Колена кои се наведнуваат пред домаќинот

Слушнав

Постојат поими како „сопруга“ (или жена) и „сопруг“ (или домаќин). Жена се нарекува „таа која има само она што ѝ го дава нејзиниот маж“, а сопруг (или домаќин) се нарекува оној кој сам обезбедува она што е потребно. „Колена“ го означуваат својството за поклонување, како што е речено: „Наведни ги своите колена“.

Поклонувањето може да биде во два вида:

1. Кога човекот се поклонува пред некој кој е поголем од него. Иако не ја знае неговата вистинска вредност, сепак верува во неговата големина и затоа се поклонува пред него.

2. Кога човекот точно ја знае големината и вредноста на другиот.

Исто така, се разликуваат две верувања во големината на Вишиот:

1. Кога човекот верува во големината на Вишиот затоа што нема друг избор, односно нема никаква можност да ја запознае Неговата вистинска големина.

2. Кога човекот има можност точно определено да ја дознае вистинската големина на Вишиот, но, без оглед на сè, тој го избира патот на вербата, како што е речено: „Големината на Создателот е сокриена“. Иако во неговото тело има искри кои посакуваат точно да ја дознаат големината на Вишиот, за да не оди без разум како животно, тој сепак го избира патот на вербата.

Излегува дека ако човекот нема друга можност, па затоа го следи патот на вербата, тој се нарекува жена која може да прима само од сопругот, како што е речено: „Немоќен како жена“. Оној пак, кој има избор и притоа се бори за да оди по патот на вербата, се нарекува маж и борец. Затоа тој што избрал да го следи патот на вербата, имајќи можност да избере знаење, се нарекува сопруг или домаќин, односно оној „кој не се поклонил пред домаќинот“ затоа што не се поклонил пред работата на домаќинот која бара знаења, туку оди по патот на вербата.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели