Слушнав на 5-ти Тишреј (16-ти септември 1942 г.)
Гмара раскажува: „Имаше еден ученик кој учеше тајно. Брурија го удри и рече: „Во сè треба да биде уреден Неговиот сојуз со тебе!“ Ако е уреден во РАМАХ (248-те духовни органи), ќе се оствари“.
Учењето „во тајна“ (хашај), значи да се биде во мала состојба (катнут), од зборовите „хаш-мал“. „Хаш“ се нарекуваат келим, желбите од страната на лицето (оние кои даваат), а „мал“ – келим од спротивната страна, под хазе (градите) кои водат кон големата состојба (гадлут).
Тој ученик мислел дека ако заслужил поправање во келим „хаш“, односно желбата за давање и ако сите негови намери се само за давање, веќе достигнал целосно совршенство. Но, целта на созданијата и создавањето на сите светови била да се насладат созданијата за да ги добијат сите Виши насладувања и човекот да успее да ја достигне висината на своето ниво, сите свои келим, дури и под „хазе“, односно сите 248 (РАМАХ) делови на душата.
Затоа Брурија (името доаѓа од зборот „бирур“ – појаснување) му споменала за она што рекле Пророците: „Кај сите е уреден сојузот“, односно во сите 248 желби за примање. Со други зборови, тој треба да ја продолжи Светлината исто така и под „хазе“ и да ја достигне големата состојба.
Тоа се нарекува „мал“, односно „говор“, што означува откривање на целата големина на неговото ниво. Но, за да не си наштети себеси со тоа, потребно е првин да ја достигне малата состојба (катнут), која се нарекува „хаш“ и се достигнува тајно, односно сè уште не отворено. Потоа исто така, треба да го разбере делот „мал“, кој спаѓа во големата состојба (гадлут) и тогаш се открива во целата своја големина.
И за ова е речено: „уреден и зачуван“, односно ако веќе ја достигнал малата состојба, која му нуди безбедност, може да ја продолжи Светлината во келим за примање и да ја достигне големата состојба, без да се плаши од ништо!