Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

120. Зошто не се јаде ореви за Нова Година

Слушнав на крајот од празникот Рош Ха Шана (1942 г.), во Ерусалим

Значењето на обичајот да не се јадат ореви за Нова Година е поради тоа што гематријата (бројната вредност) на зборот „орев“ одговара и на зборот „грев“. Се поставува прашањето дали „орев“ според својата бројна вредност одговара и на зборот „добрина“.

Баал ХаСулам објаснува дека „орев“ го симболизира Дрвото на Познанието на доброто и лошото и додека човек не достигне враќање кон Создателот заради љубов, за него орев означува „грев“. А оној кој се удостоил со враќање кон Создателот со љубов, ги претвора своите гревови во заслуги и она што било грев, за него се претвора во добрина. Тогаш тој може да јаде ореви.

Затоа треба да се внимава и да се јаде таква храна, која не сугерира на грев, односно да се јадат само плодови од Дрвото на Животот. Плодовите пак, чија што гематрија е поврзана со грев, сугерираат на Дрвото на Познанието на доброто и лошото.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели