Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

121. Слична на трговските бродови

Речено е: „Таа е слична на трговските бродови кои го носат својот леб оддалеку“ (Мишлеј), во тоа време, кога човекот бара: „Таа е само моја!“, барајќи сите негови желби да бидат посветени на Создателот и тогаш се буди, застанува против него нечистата сила (Ситра Ахра) и исто така бара: „Таа е само моја!“.

И тие почнуваат да тргуваат... Трговијата значи дека човекот сака да купи некоја работа и купувачот спори со продавачот за нејзината вредност. Секој инсистира дека правдата е на негова страна. Овде телото гледа кој е повреден за слушање: оној кој прима или силата на давањето, кога тие двајцата велат: „Таа е само моја!“. Човекот почнува да ја гледа својата нискост, затоа што во него се будат изблици на несогласување заради тоа што треба да ја исполнува духовната работа дури во најситни детали, што се нарекува „на самиот крај од буквата јуд“ и целото негово тело бара: „Таа е само моја!“. 

Тогаш тој „го носи својот леб оддалеку“ – како резултат од оддалечувањето од Создателот бидејќи човекот гледа колку е оддалечен од Создателот, жали за тоа, Го моли Создателот да го приближи и благодарение на тоа, „го носи својот леб“. „Леб“ ја означува вербата и така тој се удостојува со цврста верба затоа што „Создателот направил да треперат пред Него“. Значи, сите тие состојби, во кои тој чувствува оддалечување од Создателот му ги носи самиот Создател за тој да почувствува потреба од треперење пред небесата.

Во тоа е смислата на реченото: „Затоа што не е жив човекот само од лебот, туку од сè што излегува од устата на Создателот“. Ова значи дека животната сила на светоста не доаѓа само од приближувањето до Создателот и влегувањето во духовното, односно стапувањето во светоста, туку и како последица на на излегувањата оттаму и благодарение на оддалечувањето од Создателот. Кога нечистата сила навлегува во телото на човекот и праведно бара: „Таа е само моја!“, тогаш надминувајќи ги таквите состојби, човекот достигнува цврста верба.

Тој треба сè што се случува да однесе кај Создателот и да сфати дека дури и излегувањата од духовното произлегуваат од Него, а кога се удостојува со цврста верба, тогаш гледа дека апсолутно сè, почнувајќи од излегувањето од духовното, до влегувањето во него – доаѓа само од Создателот.

Затоа тој мора да биде скромен – бидејќи гледа дека Создателот прави сè, како паѓањата од духовното, така и влегувањата во него. Од таа причина за Мојсеј е речено дека бил скромен и трпелив, затоа што човекот треба да ја прифати својата нискост. Значи, на секое ниво тој треба да се зацврстува во осознавањето на својата ништожност, а во моментот кога ќе го изгуби тоа осознавање, за него пропаѓа целото ниво „Мојсеј“, кое веќе го достигнал. Ова е доволно за оној кој сфаќа...

Тоа бара трпение, затоа што сите ја сфаќаат својата ништожност, но не секој чувствува дека да биде ништожен е добро и затоа не сака да се помири со неа. Додека пак, прататкото Мојсеј бил смирен во скромноста и заради тоа се нарекувал скромен, односно и се радувал на својата ниска состојба.

Постои закон: „Онаму, каде што нема радост, не може да завладее Шхина (Божественото присуство)“. Затоа во периодот на поправање не е можно присуството на Божествената Шхина – иако поправањето е неопходно (исто како во клозет, каде што човекот мора да оди, иако знае дека тоа не е царски дворец).

Во тоа е смислата на зборовите „благослов“ и „првороден“, кои се составени од истите букви (браха и бхора). „Првороден“ значи ГАР. Нечистата сила ја посакува Светлината ГАР, но само без благослов, затоа што благословот е облекување во Светлината Мохин. И Исав го посакувал својот првороден без облекување, но Светлината Мохин без облека е забранета за примање. Затоа Исав му рекол на татко му: „Зарем не остави за мене ниеден благослов?“. „Ниеден благослов значи спротивност на благословот, односно проклетство, за што е речено: „Тој посакувал проклетства и тие пристигнале. Не ги сакал благословите“.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели