Слушнав вечерта на Саботата Ницавим, 22-ри Елул (4-ти септември 1942 г.)
Треба да се знае за што станува збор во „Шулан Арух“, каде што се говори дека човекот треба да се врати кон читањето молитви за Страшните Денови, па кога ќе дојде времето за молитва, тој веќе да биде подготвен и навикнат за молитва.
Работата е во тоа што молитвата е чувство, кое се родило во срцето како резултат на претходната работа во него, односно срцето треба да се согласи со изречените зборови (инаку тоа се нарекува измама и молитвата не е искрена, бидејќи не се чувствува со срцето она што се зборува). Затоа во месецот Елул човекот треба да се навикне за огромна работа. Најважно е да може да Го моли Создателот: „Запиши нè за живот“ – и срцето притоа да се согласи, за да не испадне лицемерие, туку неговото срце и зборовите да бидат единствени, бидејќи човекот го гледа она што го гледаат неговите очи, а Создателот го гледа она што се случува во срцето.
Човекот Го моли Создателот да го „осуди“ на живот, а животот за него е соединувањето со Создателот и тој сака да го достигне ова со тоа што целата негова работа ќе биде само за давање и нема да има воопшто никакви мисли за сопствено насладување.
Но, истовремено додека тој го чувствува ова, за што се говори, неговото срце може да се исплаши дека молитвата може да биде прифатена и во него да не остане никаква желба за самиот себе. Нему му се чини дека ги остава сите наслади на овој свет, а заедно со тоа и сите другари и роднини и сè што има и дека оди во пустина, каде што нема ништо, освен диви ѕверови и никој нема да знае за него и неговиот живот. Му се чини дека одеднаш пропаѓа целиот негов свет и чувствува како да го губи светот полн со радост од животот, како да умира во однос на него. Додека му се претставува таквата слика, тој чувствува како да го изгубил умот. Понекогаш и нечистата сила (Ситра Ахра) му помага да ја нацрта неговата состојба со такви црни бои, што неговото тело ја отфрла таа молитва. На крај излегува дека неговата молитва не може да биде прифатена, затоа што самиот тој не сака да биде прифатена.
Затоа е потребна подготовка за молитвата. Човекот мора да се привикне себеси на таква молитва за да бидат единствени неговото срце и зборовите, а срцето да може да се согласи и да се навикне на тоа дека примањето е оддалечување од Создателот, додека најважното – животот – е соединувањето со Него, давањето. И секогаш треба да вложува напори во работата Малхут, што се нарекува „писмо“, а се мисли на „мастило“ и утринска зора, без да се стреми неговата работа да биде „јасна и разбирлива“ (како имињата блиски со звук „Ливни и Шими“ од поглавјето Шмот). Значи човекот не треба да ја слуша Тора и заповедите само кога е светло, туку треба да работи со нив без никакви услови, не правејќи разлика меѓу црното и белото, за да може во секој случај да ги исполнува барањата на Тора и заповедите.