Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

123. Ја оттурнува и ја пружа Својата рака истовремено

Слушнав (спомени за мојот татко и Учител)

Смислата на изразот „Малхут се наоѓа во очите“ е во тоа што се создава екран и сокривање кое ги покрива очите, додека очите му даваат на човекот поглед, односно му овозможуваат да го види скриеното управување на Создателот.

Суштината на обидот и искуството е во тоа што човекот нема можност да реши да го избере ниту едното ниту другото, односно не може да ја осознае желбата на Создателот и намерата на учителот. Иако тој е во состојба да ја заврши таа работа, жртвувајќи се себеси, не е способен да одлучи дали неговата работа, за која ја дава целата своја душа, ќе биде токму каква што треба да биде или пак ќе се размине со желбата на Создателот и со мислењето на учителот.

За да го направи правилниот избор, потребно е да го избере она кое што го прави човекот да ги зголемува напорите, затоа што само напорите му се оставени на човекот и ништо друго. А ако е така, тогаш воопшто нема зошто тој да се сомнева дали мисли, зборува и постапува правилно, туку секогаш треба да ги зголемува напорите.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели