Има два вида на Сабота: едната е Сабота на Создавањето на светот, Берешит, а другата е Сабота на шесте илјади години. Што е разликата меѓу нив?
Познато е дека има одмор после завршувањето на работата, а има и привремен прекин, здивнување. Одморот настапува кога повеќе нема што да се додаде во работата, додека „прекин“ доаѓа од зборовите „застана да здивне“, за да добие енергија и да ги обнови силите, со кои подоцна ќе ја продолжи својата работа.
Саботата на Создавањето на светот значи завршување на работата, кон која нема повеќе ништо да се дополни и се нарекува одмор, а Саботата на шесте илјади години е здивнување, со помош на кое човекот добива сила и животна енергија за да ја продолжи својата работа во делниците. Од ова сфати го она што рекле мудреците: „Му се пожалила Саботата на Создателот дека Тој на сите им дал пар, а на неа не. Создателот и одговорил: Тебе Израел ќе ти биде пар“.
Нејзиниот пар се нарекува Зеир Анпин и ако има Нуква, возможно е соединувањето на овој пар, благодарение на што се раѓаат потомци, односно обнова и дополнување. Нуква се нарекува недостатокот од исполнување и ако на некое место се чувствува недостаток, тоа значи дека има можност тој да се поправи. Сите поправања доаѓаат за исполнување на недостатоците, привлекувајќи Виша Светлина на местото каде што се чувствуваат недостатоците.
Излегува дека првично нема никакви недостатоци, туку сè што порано се чинело како недостаток, всушност од самиот почеток доаѓа како поправање кое му овозможува на Вишото изобилие да се истури одозгора.
Тоа е слично на човек, кој работи со некакво прашање и вложува труд за да го разбере. Кога ќе дојде до одговорот, тој повеќе не ги чувствува маките кои што ги доживувал претходно од она што не го разбирал, туку напротив, се радува затоа што се сетил. Таа радост се мери со степенот на напорите кои што ги вложил за да дојде до решението. Значи, времето на барањето се нарекува Нуква – чувство на недостаток, а кога човекот се обединува со тој недостаток, се создава резултатот, односно новата состојба. Токму на ова се жалела Саботата, затоа што во Сабота не се работи, па затоа и не може да има никакви резултати и обновувања.