Слушнав на 4-иот полупразничен ден од Сукот (30-ти септември 1942 г.), во Ерусалим
Познато е дека исчезнувањето на Светлината Мохин и прекинувањето на зивуг (соединувањето) се случува само при додавањето на Светлина, а основата на нивото ЗОН се шесте сфирот (вав) и точка. Значи Малхут во својата суштина не е поголема од точка – црна точка во која нема ништо бело. И ако човекот ја прифати таа точка за своја основа и повеќе не вели дека сака да се ослободи од таквата состојба, туку напротив, ја прифаќа како најдобра, тогаш тоа се нарекува „прекрасен дом во срцето“ бидејќи тој не го осудува тоа ропство, туку го смета за своја најголема вредност. Со тоа тој „ја издига Шхина од правот“. Ако ја одржува оваа основа како најважна за него, тогаш за него е невозможно да падне од своето ниво, затоа што основното исполнување никогаш не се губи.
Кога човекот го прифаќа условот да работи како црната точка, дури и при најдлабоката темнина, каква што може да биде во светот... Тогаш говори светата Шхина: „Немам каде да се скријам од тебе“. Затоа што: „Со еден јазол сме поврзани“ и „немој да го прекинуваш никогаш“. Затоа за него никогаш не се прекинува соединувањето.
Дури ако доаѓа кај него некакво дополнително светење одозгора, тој тоа го прифаќа согласно условот: „невозможно е (откажувањето од насладување) и немањето намера (за наслада)“, бидејќи тоа доаѓа од Создателот без никакво барање од страна на човекот. И за ова е речено: „Јас сум црна и прекрасна. Ако успееш да прифатиш таква црна темнина, ќе ја видиш мојата убавина“.
За ова е речено: „Кој е глупав, нека се пријави овде...“ (Мишлеј). И кога тој ги остава сите свои задачи и сака да работи само за добро на Создателот, слично како „несмасно животно јас бев пред Тебе“ (Псалм 73), тогаш се удостојува да го види крајното совршенство. Во ова се крие смислата на зборовите: „На оној без срце таа му рече...“. Бидејќи тој немал срце, морало да стане глупав и наивен, инаку би му било невозможно да се приближи.
Но, понекогаш човекот паѓа во состојба која се нарекува „Шхина во прав“, кога неговата точка се спуша во нечистите светови БЈА. Тогаш тој се нарекува „роза помеѓу трње“, која има трње и боцки и тогаш е невозможно да се добие било какво исполнување, бидејќи паѓа под власта на клипот. Таквата состојба доаѓа благодарение на дејствијата на самиот човек, затоа што како човекот дејствува долу, така влијае на коренот на својата душа во Вишото, во светата Шхина. Затоа, ако човекот долу се наоѓа под ропство на својот егоизам, со тоа тој ја предизвикува истата состојба и во Вишото, овозможувајќи ѝ на клипата да владее над Светоста.
Во ова е значењето на „полноќното поправање“, кога се молиме за подигање на Шхина од правот, односно за нејзиното издигнување нагоре, каде што таа би добила важност, затоа што горе и долу се одредуваат според степенот на важноста. За време на полноќното поправање човекот добива сили и вели дека посакува да го исполни реченото за „Ливни и Шими“. Ливни е својството на белата боја (лаван), во која нема ништо црно, а Шими значи „јас слушав“ (шмија ли), односно она што се прима со разумот, кога за него станува прифатливо и допустливо да ја прифати власта на Создателот.
„Полноќното поправање“ (тикун хацот) е поправање со поделување (мехица), односно одделување на светоста од клипот, кога се поправа злата склоност, вклучена внатре во егоистичката желба и се соединува со желбата за давање.
„Прогон“ (гола) е составен од истите букви како и „ослободување“ (геула), кое се разликува само според буквата „алеф“. Всушност, потребно е да се привлече во состојба на прогон на Создателот (Најголемиот на светот – алуфо) и тогаш веднаш ќе почувствуваме ослободување. Во ова е тајната смисла на зборовите: „Оној, кој без да сака ќе нанесе штета, нека плати со најдоброто што го има“. Затоа е речено: „Ако самиот човек си суди себеси долу, тогаш над него нема суд од Вишото“.