Слушнав на 1-ви Адар (21-ви февруари 1947 г.), во Тверија
Тверија на мудреците наши, колку е убаво да те видам! „Гледањето“ означува мудрост, Хохма. „Убаво“ значи дека човекот таму е способен да ја достигне мудроста на нивото Хохма.
И раби Шимон Бар Јохај ги исчистил пазарите на Тверија од нечистотијата од труповите, односно желбите за наслада, за што е речено: „Грешниците во својот живот се нарекуваат мртовци“. Целата нечистотија припаѓа само на нивото Хохма, затоа токму во Тверија, каде што е концентрирана мудроста (Хохма), требало да се исчистат пазарите.