Слушнав на 2-ри Нисан (23-ти март 1947 г.), во Тел-Авив
„Чистиот и праведниот не ги убивај“ (Шмот 23).
„Праведен“ е оној кој Го оправдува Создателот и сè она што чувствува, било тоа да е лошо или добро, го прифаќа со верба над знаењата. Тоа е десната линија.
„Чист“ означува чист, чесен поглед на својата состојба, затоа што „судијата го гледа она што го гледаат неговите очи“. Ако тој не разбира некоја состојба или не може да ја достигне, тогаш не треба да ги прецртува карактеристиките кои му се откриваат. Тоа се нарекува лева линија и тој мора да обезбеди постоење на нив двете.