Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

137. Целафхад собирал суви гранки

                                Слушнав во 1947 г.

„Целафхад собирал суви гранки (од дрвјата)“ (Бемидбар). Зохар објаснува дека тој мерел кое дрво е поголемо – Дрвото на Животот или Дрвото на Познанието. Праведникот се нарекува Дрво на Животот, во кој сè е насочено кон давање и нема за што да се закачи нечистата желба. Но, совршенството се наоѓа во Дрвото на Познанието, кое го означува распространувањето на Светлината на мудроста – Хохма надолу, во што се состои целта за насладување на битијата. Забрането е тие да се мерат, но потребно е за да „се претворат во едно средство во раката твоја“.

Излегува дека едното без другото не е совршено. Мордехај спаѓа во Дрвото на Животот и не посакувал да привлекува никаква Светлина надолу, затоа што не чувствувал недостаток во ништо. Затоа било потребно да се издигне Аман, за тој да ја привлече Светлината надолу. А кога се појавува желбата на Аман, тогаш Мордехај ја прифаќа таа Светлина во своите својства, примајќи ја заради давање.

Одовде станува јасно зошто откако Мордехај му направил услуга на Царот и го спасил од смртта, па Царот го издигнал Аман, оној кој тој го мразел, како што рекле мудреците, дека „постапувале според желбата на секого“ – што значи според волјата на Мордехај и Аман, кои се мразеле еден со друг.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели