Шесте дена на битието спаѓаат во Зеир Анпин, а Саботата спаѓа во Малхут.
Се поставува прашањето, штом Зеир Анпин според своето ниво е над Малхут, зошто Саботата се смета за поважна од работните денови? Исто така, зошто овие денови се наречени „работни“ (од зборот „хол“ – песок)?
Работата е што целиот свет се храни од Малхут. Затоа таа се нарекува „Собир на Израел“, бидејќи оттаму се излева благопријатното влијание врз целиот Израел. Затоа иако шестте дена потсетуваат на Зеир Анпин, нема соединување на Зеир Анпин со Малхут, па затоа тие се сметаат за делници (како песокот) – заради тоа што не поминува Светлината од Зеир Анпин кон Малхут. А штом од Малхут не излегува светоста, тие денови се нарекуваат делници, додека пак, во Сабота Зеир Анпин се соединува со Малхут и од Малхут се распространува светоста, па затоа таа се нарекува Сабота.