Слушнав од мојот татко и Учител
„Само за добробит на Исраел, Создателот е за чистите во срцето!“ (Псалм 73). Познато е дека зборот „само“ означува намалување, односно на секое место во Тора, каде што е запишано „само“ се случува намалување.
Од аспект на духовната работа тоа го означува времето кога човекот се намалува себеси и се поништува. Поништувањето на себеси е можно токму кога човекот се стреми да се возгордее, односно сака да биде голем, посакувајќи да знае сè и неговата душа очекува да се здобие со способност да гледа и да слуша сè, но без оглед на тоа, тој се поништува себеси и се согласува да оди со затворени очи, исполнувајќи ја Тора и заповедите со совршена едноставност и наивност. И ова „за добробит на Исраел“, каде што зборот „Исра-Ел“ (директно кон Создателот) е составен од истите букви како „ли рош“ (мојата глава, разум).
Значи, човекот верува дека има свет разум, без разлика на тоа што се наоѓа во состојбата „само“, сметајќи се себеси за мал и низок, и вели дека тоа „само“ е за негово добро. Тогаш во него се остварува „Создателот е за чистите во срцето!“, односно се удостојува за чисто срце, за што е речено: „И го искорнав Јас од вас каменото срце и ви дадов срце од живо месо“. Живото месо ја означува Светлината Мохин де-ВАК, која се нарекува Светлина на облекувањето и доаѓа од страна на Вишиот, додека Светлината Мохин де-ГАР треба да дојде од страна на самиот човек долу, со помош на неговите сопствени разјаснувања.
Исто така, треба да се појасни што означува ГАР Мохин и ВАК Мохин, затоа што на секое ниво постојат многу својства на ГАР и ВАК. Возможно е да се мисли дека малата состојба (катнут), наречена Галгата ве-ејнаим на нискиот, се издига со МАН молитвата, со помош на кли кое ја издига МАН, кое се нарекува АХАП на Вишиот. Излегува дека Вишиот го издига нискиот, а потоа, за да добие ГАР Светлини и АХАП келим, нискиот треба да се издига самиот.