Постои избор меѓу горчливо и слатко, а постои и избор меѓу вистина и лага. Вистината и лагата се избираат со разумот, а горчливото или благото – со срцето. Затоа е потребно да се посвети внимание на работата во срцето и тоа да се стреми кон давање, а не кон примање. Но, од страна на природата само примањето му е слатко на човекот, додека давањето му е горчливо. Треба да се работи за да се замени примањето со давање и тоа се нарекува работа во срцето.
Разумот пак, работи со вистината и лагата и овде треба да се оди со верба над разумот, односно да им се верува на мудреците, затоа што човекот не е способен самиот да разликува каде е вистината, а каде лагата.