Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

150. Воспевајте Го Создателот, бидејќи Тој создал нешто големо

                                      Слушнав на 14-ти Шеват

За стиховите: „Воспевајте Го Создателот, бидејќи Тој создал нешто големо“ (Исаја 12) (истите зборови значат и: „Искастрете ги лошите фиданки, бидејќи и гордост создал Тој“), би требало да се рече дека „скусете“ (воспевајте) го има истото значење како и „Силата моја и скусувањето“ (исто како и „Твоето воспевање“ (Псалм 18). Значи, потребно е секогаш да се кастрат и да се отстрануваат трњата од лозјето на Создателот. Дури и кога човекот се чувствува совршен и му се чини дека ги отстранил трњата, се појавува фразата: „Бидејќи и гордост создал“. Тоа значи дека Создателот во овој свет создал и градење на гордост, кога човекот се смета себеси за предан и чесен, па затоа му се чини дека ги отстранил од себе трњата и се направил совршен човек, а токму тоа всушност претставува гордоста.

Но, човекот секогаш треба внимателно да ги анализира своите постапки, да проверува со десетици различни проверки и да не се потпира на своето привремено чувство, затоа што тоа е само појава на гордост. Како што е речено од името на праведниците: „Мрзливи сте, мрзливи! Затоа и велите: да принесеме жртва на нашиот Создател!“ (Шмот).

 И се обвинуваат синовите на Израел за тоа што велат: „да принесеме жртва“, на тој начин чувствувајќи дека веќе се поканети да се приближат до жртвеникот кој стои пред Создателот само заради мрзливост и немоќ, затоа што не сакаат повеќе да работат и секогаш да се проверуваат себеси дали се поканети за таква голема работа. Затоа им се чини дека ја завршиле таа работа, како што се објаснува на крајот од стихот: „Бидејќи и гордост создал“.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели