Слушнав во неделата Бешалах
Речено е: „И виде Израел мртви египќани на брегот на морето и виде народот на Создателот и поверува во Него и во слугата Негов, Мојсеј“ (Шмот 14).
Потребно е да се разбере на што се мисли овде со „и поверуваа“, затоа што чудото на излезот од Египет и преминот преку морето го довело Израел до поголема верба од таа што ја имале претходно. Со објаснувањето на зборовите: „Тој е мојот Бог и јас ќе Го прославам Него“ мудреците рекле дека простата слугинка на брегот на морето видела повеќе отколку што видел Пророкот Јехезкел. Тогаш излегува дека излезот од Египет се базира на јасни чуда, кои водат кон знаење на Создателот, што е спротивно на поимот „верба“, затоа што не се случува „над знаењата“. А кога човекот отворено гледа чуда, тогаш му е многу тешко да остане во верба, затоа што добива знаење. Зошто тогаш е напишано: „И поверуваа во Создателот“?
Ова може да се објасни само со зборовите: „И сите веруваат во тоа дека Тој е Бог на вербата“. Се раскажува дека во чест на Израел, дури и отворените чуда не ја нарушиле нивната работа за Создателот, која била со верба над знаењата. Тоа е огромна работа за да можеш, удостојувајќи се и добивајќи можност да работиш за Создателот во знаењата, да се држиш до патот на вербата, не занемарувајќи го воопшто.