Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

153. Мислата е последица на желбата

                    Слушнав на 7-ми Шеват (18-ти јануари 1948 г.), во Тел-Авив

Мислата е последица по создавањето на желбата. Затоа човекот мисли на она, за што има желба, а не мисли на она што не го посакува. На пример, тој никогаш не мисли за денот на смртта, туку напротив, секогаш мисли дека е вечен, затоа што посакува да биде таков. Всушност, тој секогаш мисли на она што го посакува.

Но, разумот има посебна улога и таа се состои во неговата можност да ја зголемува желбата. Ако човекот има мала желба, која нема сила да се појави и да го натера да го достигне она што го посакува, тогаш мислејќи на таа желба, човекот може да ја зголеми и да ја прошири, така што таа ќе почне да бара свое исполнување.

Од ова следува дека мислата само ја опслужува желбата, а дека желбата е основата, суштината на човекот. Ако желбата е голема, таа управува со помалите желби. И ако човекот сака да зголеми некоја мала желба, тоа може да го направи со постојано задржување на мислите на таа желба. Во степенот колку што ќе мисли на желбата, толку ќе се зголеми таа.

Затоа е речено дека човекот мора постојано да работи со кабалата (како што се вели: „Да вложува напори во Тора дење и ноќе“), бидејќи од таквото постојано напрегање на мислите, тој ја зголемува духовната желба толку, што таа почнува да надвладува над останатите.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели