Слушнав на 7-ми Шеват (18-ти јануари 1948 г.), во Тел-Авив
Во светот не треба да има празнина. Бидејќи најважна за човекот е желбата, која е основата на битието и со неа се мери дали тој е мал или голем (катнут и гадлут), човекот мора да има некаква желба – или кон нашиот свет или кон духовниот. Оној кој е лишен од овие желби, се смета за мртов, затоа што целото битие е само желба „која се појавува од ништо“. Заради тоа што кај него го нема тој материјал, кој го претставува целиот материјал на битието, тогаш природно се смета за мртвороден и тој е како да не постои.
Затоа човекот мора да се труди да има желба бидејќи тоа е целиот материјал на битието, меѓутоа таа желба мора да се проверува. Како што секое живо суштество според својата природа чувствува што му штети, така и ние мора да се грижиме нашата желба да биде насочена кон правилната цел.