Слушнав на 15-ти Шеват (29 јануари 1945 г.)
„За да не земе од Дрвото на Животот, да јаде и да живее вечно“ (Берешит).
Баал ХаСулам објаснува дека човекот може да ги земе Хасадим Мехусим („скриените Хасадим“, при што не е потребна Светлината Хохма) кои се шират од нивото Хазе па нагоре и со тоа целосно да се задоволи. Заради тоа нема да го поправи гревот на Дрвото на Познанието, кој спаѓа во нивото Хазе па надолу. Дрвото на Животот спаѓа од нивото Хазе нагоре, каде што се шират скриените Хасадим.
Мене ми се чини дека со ова се објаснуваат зборовите кои ги изговараме во молитвата: „Дај ни живот, во кој има страв пред Небесата и живот во кој има страв од гревот“. Разликата меѓу нив, како што објаснува Баал ХаСулам, е во тоа што во првиот случај човекот го избира животот според стравот од грешење, немајќи друга можност, а стравот пред Небесата значи дека тој има избор и дури и да не го прифати овој услов, тој секако нема да направи грев бидејќи сепак го избира заради третпетот пред Создателот.
Тогаш веќе не треба да се вели дека скриените Хасадим ја означуваат малата состојба (катнут), кога тој нема друг избор. Но, кога ја достигнува откриената Светлина Хасадим (Хасадим Мегулим) на нивото Рахел, тогаш и нивото Леја, кое спаѓа во скриените Хасадим, го означува нивото ГАР и големата состојба (гадлут). Тоа се нарекува трепет пред Небесата, кога достигнувајќи ги откриените Хасадим, тој без оглед на сè, ги избира скриените Хасадим.
Излегува дека постојат два вида Хасадим:
1. Кога човекот сè уште не го достигнал нивото Рахел и се наоѓа на нивото ВАК;
2. Кога го достигнува нивото Рахел и тогаш се нарекува со името Леја, што води кон нивото ГАР.