Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

159. Се случи, пред многу време

„И се случи, пред многу време (во оние големи денови): умре царот на Египет и застенкаа синовите на Израел од работата и крикнаа, па тој крик се издигна до Севишниот и го слушна Севишниот нивниот крик“ (Шмот 2:23).

 Страдањата и несреќите дошле до таков степен, што било невозможно да се издржат. Тогаш народот толку силно Му се молел на Создателот, така што Тој го слушнал нивниот крик. Но, од друга страна гледаме дека тие велеле: „Кој ќе ни даде?“, спомнувајќи си за полните лонци со месо и леб, а исто така и за рибата која ја јаделе во Египет бесплатно, тиквичките, лубениците, кромидот и лукот.

Всушност, работата во Египет им била многу пријатна. Како што е речено: „И се измешаа тие со другите народи и го прифатија нивниот начин на живот“. Значи, ако Израел се наоѓа под владеење на други народи, тие владеат со Израел и тој не може да се ослободи од туѓото влијание, наоѓајќи вкус во таа работа и не сакајќи да се ослободат од тоа ропство.

Тогаш Создателот направил така, за да „умре царот на Египет“ и да исчезне неговата власт над нив, па затоа тие не можеле повеќе да работат. Сфатиле дека ако го нема светењето од Светлината Мохин, која дава совршенство – тогаш и ропството не е совршено, бидејќи „умрел царот на Египет“, односно пропаднала целата власт на Фараонот кој им давал јадење и пиење. Затоа кај нив се појавила можност за молитва и така дошло ослободувањето.

Потоа, кога оделе по пустината и паднале во состојбата „катнут“, многу посакувале повторно да се вратат под ропството во кое биле додека не умрел царот на Египет.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели