Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

166. Две нивоа до достигнувањата

Постојат две нивоа:

1. Распространување на световите одозгора надолу.

2. Издигнување од долу нагоре.

Првото ниво е „кое Создателот го создал и основал“ (Берешит), односно ни подготвил место за работа.

Второто ниво е кога ние самите почнуваме да се занимаваме со духовна работа и да се облекуваме во подготвителните нивоа од долу нагоре. Но, додека да се заврши нивото целосно, не можеме да знаеме ништо јасно за него и затоа е речено: „Првин заврши со учењето, а после ќе разбереш“.

Ова е слично како мало дете кое почнува да јаде леб и не знае ништо за лебот. Кога ќе порасне, почнува да сфаќа дека има причина заради која лебот може да се нарекува леб, односно тој треба да има форма на која сме навикнати – да биде бел, мек и вкусен. Тогаш тој ја постигнува формата на лебот, со која излегува од печката, кога е многу мек и жежок, но сè уште не е за јадење, затоа што треба да се излади и воздухот да го направи пригоден за јадење, па тогаш лебот ја добива формата која ни е позната и со која го ставаме на масата.

Но, потоа тој продолжува со истражувањето и дознава за уште една форма која ја имал лебот пред да го стават да се пече. Иако имал слична форма, со него се случиле големи промени. Од топлината на печката лебот станал поголем и потврд, а исто така и добил поинаква боја, затоа што претходно тој бил бел, а сега ја променил бојата. Кога истражува, сфаќа дека својата форма и тежина лебот ја добил порано, уште пред да биде ставен да се пече.

И така понатаму, додека не дојде до состојбата кога се сее житото. Дотогаш тој знаел само како да добива од лебот, што значи дека само го намалувал лебот кој постоел во светот. Но, после тоа, тој веќе знае како да додава.

Истото е и во духовното: првин човекот треба да добие достигнување од долу нагоре. Во таа состојба тој може само да добива и не може да додава. Меѓутоа после, во втората состојба, тој може исто така и да додава.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели