Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

168. Обичаите на Израел

Обичаите на Израел се толку важни, што може да се каже дека му даваат на човекот повеќе духовност, отколку самите заповеди. За нарушување на обичаите нема казна, за разлика од нарушувањето на законот, кога следува казна. Сепак, ако се гледа од аспект на користа, односно достигнувањето трепет пред Небесата, тогаш од обичаите има повеќе корист. Ова е затоа што мудреците, кои ги вовеле овие обичаи, ги поставиле така што духовното да може да свети преку нив. Затоа оној кој, на пример, се откажува да обичајот во сабота да јаде месо и риба, се откажува од духовното.

Но, ова се однесува само за човекот кој сè уште не достигнал совршенство, односно на оној кој не е способен да види што прави, затоа што сè уште не се удостоил да го спознае вкусот на заповедите. Во таков случај тој мора да се придржува до обичаите.

Слично на јаболко кое пред да изгние, се расипува. А ако се расипало, тогаш несомнено ќе изгние. Истото е и со човекот – пред да стане слободен, тој почнува да ги занемарува обичаите и откако ќе се откаже, станува слободен или самиот тој или неговите деца.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели