Слушнав во 1941, Ерусалим
Круна значи Кетер, а Кетер е Создателот и Коренот. Кедуша (Светоста) е поврзана со коренот и затоа се смета дека е со еднаков облик со својот корен. Како што нашиот корен, имено Создателот, сака само да дава, како што пишува, „Неговата желба е да им прави добро на суштествата," така Кедуша - Светоста служи само да му се даде на Создателот.
Меѓутоа, Ситра Ахра не е таква. Таа има за цел да прими само за себе. Од таа причина таа не е припоена до коренот, до Кетер. Затоа за Ситра Ахра се вели дека нема Кетер (круна). Со други зборови, таа нема Кетер затоа што е одвоена од него.
Сега можеме да сфатиме што велат нашите мудреци (Санхедрин 29), „Сите што додаваат, одземаат." Тоа значи дека ако додавате на бројот, тој се намалува. Напишано е, (Зохар, Пекудеи точка 249), „Исто е и тука, во однос на тоа внатре, пишува, „Покрај тоа, ќе направиш светилиштето да има десет завеси. Во однос на тоа што е однадвор, пишува, „единаесет завеси“, додавајќи букви, додавајќи Ајин (додадената хебрејска буква) на 12-те, и одземајќи од збирот. Се одзема 1 од 12 поради додавањето на Ајин на 12-те."
Пресметувањето се применува само во Малхут, која ја пресметува висината на степенот (преку Ор Хозер во неа). Но, познато е и дека Малхут се нарекува „Желбата да прима само за себе."
Кога таа ќе ја поништи својата желба за примање пред коренот и нема да сака да прима, туку само да му дава на коренот, што подразбира желба за давање, тогаш Малхут, наречена Ани (јас), станува Еин (ништо). Само тогаш ја шири Светлината на Кетер за да го изгради својот Парцуф и да стане 12ти Парцуфим на Кедуша.
Меѓутоа, кога сака да прима за себе, станува зла Ајин (око). Со други зборови, кај што имало комбинација на Еин, што значи поништување пред коренот - Кетер, станало Ајин (што означува гледање и знаење во рамките на разумот).
Тоа се вика додавање. Тоа значи дека некој сака да ѝ додаде знаење на вербата и да работи во рамките на разумот. Со други зборови, таа вели дека повеќе вреди да се работи во разумот и тогаш желбата за примање нема да се противи на работата. Ова доведува до недостиг, што значи дека биле одвоени од Кетер, од „желбата за давање," која е коренот. Така таа нема еднаквост во обликот со коренот, Кетер. Заради тоа, Ситра Ахра се вика Малхут без круна. Тоа значи дека Малхут на Ситра Ахра нема Двекут, сплотување со Кетер. Затоа тие имаат само 11 Парцуфим, без Парцуфот Кетер.
Тоа е значењето на она што пишуваат нашите мудреци, „99 умираат од зло око", т.е. бидејќи не разликуваат Кетер. Тоа значи дека Малхут во нив, желбата за примање, не сака да се поништи пред коренот, Кетер. Не сакаат Ани (јас), желбата за примање, да ја направат Еин (ништо), кое е поништување на желбата за примање. Место тоа, сакаат да додаваат. Тоа се вика „зла Ајин" (око). Тоа значи, таму кај што треба да биде Еин со Алеф (првата буква во зборот Еин), го вметнуваат злото Ајин (око, првата буква во зборот). Така паѓаат од своето ниво поради недостиг на Двекут со коренот.
Тоа е значењето на она што велат нашите мудреци, „За секој што е горд, Создателот вели, „Тој и Јас не можеме да живееме на исто место,'" бидејќи ќе има два авторитети. Меѓутоа, кога некој е во состојба на Еин и се поништи себеси пред коренот и неговата намера е само да дава, како коренот, таму ќе видите само еден авторитет – авторитетот на Создателот. Тогаш, сè што човек прима во светов е само за да му даде на Создателот.
Тоа е значењето на, „Сиот свет е создаден за мене, а јас, да го служам мојот Создател." Затоа морам да ги примам сите степени во светот за да можам сè да му дадам на Создателот, што е значењето на „да го служам мојот Создател."
Следна статија бр. 18 „Што значи „Душата скришум ќе ми плаче“