Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

171. Зохар, Емор

Слушнав на 4-иот полупразничен ден од Песах (18-ти април 1949 г.)

Во Зохар, во поглавјето „Емор“ е запишано: „Рече Шхина, Собирот на душите на Израел: Јас спијам во египетски прогон“ (Зохар, стр. 43).

Излезот на Светлината се нарекува „сон“.

„Но будно е срцето мое“ (Песна на Песните). Срце (лев – бројна вредност 32) означува 32 потоци на мудроста (хохма), во кои свети Хохма, но без облекување во Хасадим, што се смета за египетски прогон, па затоа се нарекува сон. Меѓутоа, наместо тоа, тие биле спремни да ја примат Светлината Мохин де-Хохма, но исклучиво „од спротивната страна“.

„Гласот на саканиот, што кон мене тропа“ е гласот на Зеир Анпин, кој носи Хасадим (Светлината на љубовта и милосрдието).

За ова Создателот вели: „Направи ми отвор како „иглени уши“ – односно за време на ослободувањето Тој бара тие повторно да го привлечат светењето на Хохма. Додека таму нема Светлина Хасадим, тоа се нарекува отвор како „иглени уши“, затоа што Хохма не свети без Хасадим.

„И ширум ќе ги отворам пред тебе Вишите порти“, односно ќе и ги даде Хасадим, кои ќе ја прошират за да засвети во неа Хохма заедно со Хасадим.

„Отвори Ми, само во тебе се наоѓа влезот, преку кој Јас можам да влезам, затоа што нема да успеат синовите мои да влезат во Мене, туку само во тебе“. На синовите им е потребна Светлината Хохма, која тој не може да им ја даде, затоа што неговото својство е Хасадим. Ако пак Малхут ја привлече Хохма, тогаш и синовите исто така ќе успеат да ја добијат Светлината Хохма, затоа што само таа може да го отвори тој влез.

„Инаку, Јас сум затворен и нема да можат да Ме најдат“. Значи, во Него синовите нема да најдат совршенство бидејќи кога во Зеир Анпин има само Хасадим, тоа е само нивото ВАК, кое се нарекува „едноставен воздух“. Ако пак, во него има и Хохма, а тој сепак го избере Хасадим, тогаш неговите Хасадим се нарекуваат „чист воздух“. И иако Хасадим имаат предност пред Хохма, без Хохма во него е невозможно да се најде совршенство.

Во ова се крие смислата на напишаното: „Отвори, за да се соединиме со Тебе и да бидеме заедно засекогаш“.

„Дојди и гледај во часот кога Создателот ги умртвувал првородените во Египет, сите оние кои ги убил на полноќ и ги спуштил нивоата одозгора надолу“ (Зохар). Тоа значи поправање со екран „масах де-Хирик“, кој довел до две случки: исчезнување на нивото ГАР, а исто така и до привлекување на Светлината Хасадим. Благодарение на тоа станало возможно распространувањето на Светлината одозгора надолу.

„Дојди во часот кога Израел го склучува знакот на светиот сојуз, правејќи обрежување“. Казната на првородените и крвта на Песах, а исто така и обрежувањето имаат единствена смисла. Египќаните се поклонувале на овцата како божество и пасхалната жртва спаѓала во нивните божества. Нечистите сили (клипот) на Египет сакале да ја привлечат кон себе Светлината на Конечното поправање слично на гревот на Дрвото на Спознанието, односно посакувале да ја привлечат Светлината ГАР одозгора надолу. Меѓутоа, благодарение на казната на Песах, била уништена ГАР де-Хохма, што значи казната на провородените, бидејќи првородениот му припаѓа на нивото ГАР, а нивото ГАР било поништено со помош на масах де-Хирик, односно подемот на манула (капија која ја сопира Светлината), што предизвикало поништување на нивото ГАР.

Тоа ја означува крвта (дам) од зборот молчење (дмама), што е слично на умртвување (дмемит) на ГАР, во што се крие смислата на крвта од обрежувањето, каде што длетото е Диним де-Нуква (ограничувањата на Нуква), кои ги поништуваат Диним де-Дхура (ограничувањата од машката страна), за што е запишано: „Имало два вида крв – крвта на Песах и крвта на обрежувањето“. Од внесувањето на крвта на Песах се поништува ГАР и се случува вклучување во поправањето на трите линии, на што потсетува „надвратникот“ и „двете мезузи“.

А „На четиринаесетиот ден“ итн., Израел бегале од туѓата власт и се обединиле преку маца во свет сојуз.

Хамец ја означува Светлината Мохин, која се облекува пониско од Хазе и која свети одозгора надолу. Маца е Светлината Мохин која свети од Хазе па нагоре, каде што не можат да допрат нечистите сили. Ова е затоа што манула (капија), која се отвора во ноќта на Песах и благодарение на која се случува жртвата на Песах и казната на првородените, дејствува само подолу од себе, односно од местото во хазе, каде што се отвора.

Излегува дека таа не дејствува според својот суд и ограничувања на сè што се наоѓа погоре од неа додека пак, сите кои се облекуваат од Хазе и пониско, се наоѓаат под нејзино влијание, па затоа таму се чувствува нејзиниот суд и ограничувања. Затоа Израел добиле предупредување во ноќта на Песах да јадат само Маца, а не Хамец.

Во Маца има достоинство кое го нема во Хамец, а во Хамец има достоинство кое го нема кај Маца. Достоинството на Маца е во целосната Светлина на Мохин ГАР де-Хохма, исто така наречена „две големи светлини“, меѓутоа во форма на Ахораим (од спротивната страна), затоа што таа не може да свети заради отсуството на Хасадим. Предноста на Хамец е во тоа што неговата Светлина спаѓа само во нивото ВАК, но веќе облечен во Хасадим. И во Храмот ја имало Светлината Мохин де-Хохма, но се распространувала од Хазе нагоре, што го означува својствот на Маца. Затоа е речено: „Бидејќи никаков квасец и мед не треба да принесувате како жртва“.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели