Слушнав на 7-иот ден од Песах (20-ти април 1949 г.), во Тел-Авив
Сите потешкотии и пречки кои ги гледаме и ни се прикажуваат пред нашите очи не се ништо друго, туку знаци на приближување кон Создателот, кои ни говорат дека Тој посакува да нè доближи до Себе. Сите овие пречки нè водат до зближување, инаку не би постоел никаков начин за приближување до Него, затоа што од страна на природата ништо не може да нè оддалечи од највеличествената висина на Создателот од материјалот кој е поставен во нас при создавањето. Само оној кој почнал да се приближува кон Создателот може да ја процени бездната која ги разделува, а секоја надмината пречка му го скратува тој пат.
Ако човекот се навикне да оди во оддалечување, тогаш дури и кога повторно и повторно чувствува колку е далеку од Создателот, тоа никако нема да му попречи во неговото движење, затоа што на него уште од порано му е познато дека оди далеку. И навистина, растојанието меѓу него и Создателот е огромно. Но, без оглед на тоа што секој пат чувствува дека растојанието е поголемо отколку што мислел, сепак тоа не го запира.