Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

175. Ако патот ти биде предолг

Слушнав на Саботната трпеза, неделно поглавје Беар – Бехукатај, 22-ри Ијар (21-ви мај 1949 г.)

„Ако ти биде предолг патот, така што нема да можеш да го носиш својот товар“ (Дварим).

Зошто е патот толку долг? Затоа што човекот не може да ја носи својата душа, односно не може да го носи товарот на Тора и заповедите, па заради тоа патот го смета за долг. Излезот е да направи, како што е речено понатаму: „И земи го ова сребро во рацете“.

Среброто значи „кисуфин“ (страдања на љубовта), односно тој треба да ги разгори во себе страдањата на љубовта во ропството, благодарение на страстниот стремеж кон Создателот. Тогаш ќе може да го носи товарот на Тора и заповедите. Освен тоа, „сребро“ значи и срам, затоа што човекот е створен со цел да Го возвишува Создателот, како што е запишано: „Благословен е Создателот, кој нè створил за Негова слава“.

Со Тора и заповедите човекот се занимава само за да најде благонаклоност од Создателот, затоа што природата на робот е таква што тој посакува да му се допадне на господарот и да го придобие неговото срдечно расположение. Така е и овде – сите многубројни напори и тешкотии при работата кои ги доживува човекот се само средство за да најде милост во очите на Создателот. Тогаш ја добива посакуваната цел.

Човекот оди и ја исполнува Тора и заповедите за благонаклоност на другите луѓе и од Создателот прави само средство со помош на кое ќе може да им се допадне на луѓето. Целото тоа време, додека човекот не се удостои за Тора и заповедите лишма (заради Создателот), тој работи за битијата. Иако тој и нема друга можност, освен да работи за луѓето, сепак, без оглед на сè, тој треба да се срами од таквото ропство. Тогаш со помош на тоа „сребро“, ќе се удостои за светото сребро, односно со страстниот стремеж за светоста.

„И земи го ова сребро во рацете“ – иако не е во рацете на човекот власта да управува со неговите желби и ако нема желби тој не може да стори ништо, сепак во себе треба да ја открие желбата кон страдањата на љубовта, односно желбата да се здобие со тој стремеж (Можеби зборот „земи“ доаѓа од „посакај“ – составен е од истите букви). Човекот во себе треба да открие такво барање, односно желба и стремеж кон Создателот – желба да ја зголеми славата на Небесата, да Му причини задоволство на својот Создател и да најде милост во Неговите очи.

Постои „злато“, но постои и „сребро“. Среброто значи дека кај човекот општо земено, има стремеж и тага по духовното, а злато (заав) се нарекува состојбата кога тој сака само една работа и сите стремежи и тага кои ги има спрема други работи се гасат пред таа желба, а тој вели: „Само тоа дај ми го (зе-ав)!“. Значи, тој не сака ништо, освен издигнувањето на Шхина од правот и тоа е неговата единствена желба.

Излегува дека дури и да гледа човекот дека ги нема потребните желби и стремежи, тој сепак, без оглед на сè, треба да бара и да се обидува со своите дејствија и мисли да достигне таква желба. Тоа се нарекува „И земи го ова сребро во рацете“. Не треба да се мисли дека тоа е нешто ситно. Таа се наоѓа во рацете на самиот човек, а тој треба да ја даде неа „за крупен добиток (за благонаклоност) и ситен добиток“ (Дварим), односно со помош на тоа, ќе се удостои со најголемата Светлина.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели