Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

177. За искупувањата

Искупувањето на гревовите се случува благодарение на откривањето на Светлината Хохма, односно со помош на исповедта, која ја привлекува Хохма. Колку повеќе покајничка ќе биде исповедта на човекот, толку повеќе ќе му се открие Светлината Хохма, за што е речено: „Во тој ден ќе побараат прошка за вината на Јаков и нема да ја добијат“ (Јеремија). Ниеден грев нема да биде простен додека врз него не се пролее Светлината Хохма. Тие ги барале гревовите за да ја привлечат Светлината Хохма кон нив.

„Прегрнувањето од лево“ се случува со помош на привлекување на левата линија, кога во секој од десетте дена покајување се привлекува една од десетте Сфирот на Светлината Мохин де-Хохма, наречена лева линија, додека на Јом Кипур се случува зивуг (соединување).

„Прегрнување од десно“ е распространување на Светлината Хохма подолу од хазе, каде што се наоѓа местото на откривање, а исто така има и засладување со Светлината Хасадим. Најважно во ова е распространувањето на Светлината Хасадим, благодарение на што се случува градење на Нуква, кое трае до осмиот ден од Сукот (Шмини Ацерет), а на осмиот ден се случува зивуг (соединувањето).

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели