Слушнав на 3-ти Ијар (9-ти мај 1951 г.) на трпезата во чест на завршувањето на деветтиот дел од Зохар
Тројца учествуваат во создавањето на човекот: Создателот, таткото и мајката. Баал ХаСулам рекол дека има и четврт учесник, а тоа е земјата бидејќи ако не се храни човекот од плодовите на земјата, не може да живее. Земјата (ерец) ја означува Малхут и обично се смета дека постојат четири стадиуми кои се нарекуваат: Хохма, Бина, Тиферет и Малхут. Производите кои ги добива човекот од земјата се слични на разјаснувањата, затоа што благодарение на производите се одделува лушпата (клипот) од храната, а во Малхут има две нивоа:
1. Светост
2. Злобната Лилит.
Затоа, кога човекот јаде и го прави првиот и последниот благослов, со тоа тој ја вади храната од власта на нечистата сила (ситра ахра). И бидејќи храната преминува во крв, а крвта спаѓа во нивото Нефеш (душа), тогаш и неговата душа се ослободува од нечистотијата и станува неутрална. Кога пак, човекот учествува на празничната трпеза, која претставува заповед, тогаш и храната се смета за света, ако се јаде со правилна намера. Излегува дека храната преминува во крв, а крвта ја означува Нефеш (душата), па така тој ја достигнува светата душа.
Еве зошто се буди во човекот неговата зла склоност (ерец ра) и секогаш му вели дека не вреди да се јаде на трпезата на заповедта од многу причини. Најважна причина да не учествува на трпезата на заповедта е токму во искажаното погоре – бидејќи тоа е дел кој припаѓа на светоста.