Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

179. Три линии

Слушнав на 2-иот ден од Песах (23-ти април 1951 г.)

Постојат вакви фрази: „работа во три линии“ и „Израел се држат за телото на Царот“, „египетски прогон“ (кога народот на Израел морал да се спушти во Египет), како и „излез од Египет“, а исто така и фразата: „Оној кој се подготвува да си земе жена, со себе треба да поведе обичен човек како сведок“ (Вавилонски Талмуд). Понатаму, и она за што прашувал Авраам: „Како ќе знам дека моите потомци ќе ја наследат оваа земја?“,  а Создателот му одговорил: „Знај дека туѓинци ќе бидат потомците твои во друга земја и ќе бидат угнетувани четиристотини години, а после ќе излезат оттаму со голема добивка“. Исто така, има поими на нивоата ГАР и ВАК и ВАК де-Гар.

Значи, замислата на создавањето била да се насладат суштествата, но за да не се срамат тие од лебот на срамот, бил направен Цимцум (скратување) и Масах (екран), со што се создало место за работа. Одовде произлегуваат три линии:

Првата е десната линија, која спаѓа во нивото ВАК без рош (глава), и се нарекува верба.

Втората е левата линија, која се нарекува достигнување. Овие две линии се во спротивност, затоа што вербата го исклучува достигнувањето, а достигнувањето ја исклучува вербата.

Тогаш се појавува средната линија, наречена ВАК де-ГАР или Хохма и Хасадим, или соединети десна и лева линија. Тоа значи дека човекот го прифаќа достигнувањето само во согласност со големината на својата верба, односно во степенот колку што му дозволува неговата верба, тој толку го прифаќа достигнувањето. Но онаму, каде што му недостига верба, тој не го открива достигнувањето и не се обидува да го исполни, туку секогаш ги мери двете линии, така што едната да не ја надмине другата.

Нивото ГАР (кое се отвора пред него) означува достигнување без верба, што спаѓа во работата на другите народи. Работата пак, на Израел спаѓа во вербата во која се вклучува достигнувањето и тоа се нарекува „телото на Царот“, односно верба и достигнување.

Авраам се нарекува татко на вербата, односно на својството Хасадим (милосрдието). Знај дека секој што посакува да се доближи до Создателот, пред сè мора да ја прифати десната линија – вербата, а таа му противречи на достигнувањето. Како тогаш тие може да добијат достигнување, ако немаат келим за тоа? Исто така, зошто му било речено: „Туѓинци ќе бидат потомците твои во друга земја“? Тоа значи дека „ќе се измешаат тие со другите народи и ќе ги научат нивните работи“, односно ќе паднат под власта на другите народи, а кога ќе паднат под туѓа власт, ќе го привлечат светењето на ГАР де-Хохма.

Целата суштина на египетското ропство е во тоа што Израел исто така посакува да ја прими светлината ГАР де-Хохма. Тоа за нив значи прогон, затоа што си ја навлекуваат темнината, а излезот од Египет се случил благодарение на казната на првородените бидејќи „првородениот“ припаѓа на ГАР де-Хохма. Кога Создателот ги уништил првородените во Египет, тоа ја означило крвта на Песах и крвта од обрежувањето, за што Зохар вели: „Во времето кога Создателот ги уништувал сите првородени во Египет, народот на Исраел склучил свет сојуз, направиле обрежување и се вклучиле во собирот на душите на Исраел“ (Поглавје Емор 43).

Левата линија се нарекува Орла (краен дел), затоа што го блокира патот на Светлината (Орот). Затоа, кога Создателот ги уништувал првородените, односно го поништувал ГАР, долу народот на Израел извршувал обрежување, односно отсекување на Орла (крајниот дел), кој се нарекува Динин де-Дхура (ограничувања од машката страна), кој ја блокира Светлината. Тоа се случува со помош на длетото кое има сила на железо, кое се нарекува Динин де-Нуква (ограничувања од женската страна), со што се поништува машкиот суд Динин де-Дхура. Тогаш во него се шири светењето на ВАК де-Хохма.

Најпрвин потребно е да се привлече совршенството – ГАР де-Хохма и не е можно да се добие половина ниво. Тоа може да се направи токму со посредство на Египќаните, а тоа се нарекува прогон, кога јудеите морале да бидат под нивната власт. Потоа, со помош на излезот од Египет, односно со поправањето на екранот „Масах де-Хирик“ тие излегуваат од власта на Египќаните. Египќаните самите велат: „Станувајте и одете си!“.

За ова е речено: „Јас Самиот, а не гласник“. „Јас“ ја означува Малхут, односно манула (капија) која го поништува ГАР, од што се случува вклучување на левата линија во десната и на десната во левата.

Затоа е речено: „Оној кој се подготвува да си земе жена“, односно својството Хохма (мудроста), кое припаѓа на левата линија, „со себе треба да поведе обичен човек како сведок“ – затоа што самиот тој припаѓа на десната линија, која ја означува вербата. Тој сака достигнување и токму со помош на обичниот човек може да го добие нивото Хохма, бидејќи кај него поправањето е само од страна на достигнувањето, а не од вербата.

„Јас станав да му отворам на љубениот мој, а од моите раце капеше миро и од моите прсти миро течеше на стегачот на катанецот“ (Песна на Песните). „Миро“ (мор) доаѓа од зборовите „Повеќе од тебе нема да се крие твојот Учител (море), а очите твои ќе го видат Учителот“. „Раце“ го означуваат достигнувањето, а прстите – погледот, како што е запишано: „И секој ќе покаже со прстот и ќе рече: Еве Го Создателот наш!“, а „стегачот на катанецот“ (манул) ја означува капијата.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели