Слушнав на вториот ден од Песах (23-ти април 1951 г.), во Тел-Авив
Во Зохар е речено: „Раби Хија ја отвори (Светлината): Спијам во египетскиот прогон, но срцето мое е будно... Рече Шхина, Собирот на душите на Израел: Јас спијам во египетскиот прогон, додека синовите мои страдаат во тешко ропство. Но, будно е срцето мое, кое ги чува за да не загинат во прогон. Гласот на Возљубениот кон мене тропа – тоа е Создателот кој вели: Се сеќавам на сојузот Мој“ (Поглавје Емор).
Што значи „сон“? Додека народот на Израел се наоѓал во Египет, бил под власта на Египќаните и ја привлекол Светлината ГАР де-Хохма, а бидејќи Хохма не може да свети без Хасадим, таа состојба се нарекува „сон“. Затоа е речено дека работата во Египет била многу тешка и се нарекувала Динин де-Дхура (ограничувања од машката страна), а исто така и „секаква работа на поле“, која означува Динин де-Нуква (ограничувања од женската страна).
„Но будно е срцето мое“ – значи без оглед на тоа што таа спие од страната на левата линија. Тогаш Малхут се нарекува „две големи светла“, или „четврта потпора“ и спаѓа во сфирата Тиферет која е повисоко од Хазе. „Но будно е срцето мое“ означува дека таму веќе е присутна сопирната точка „Манула“, која приморува да се премине во средната линија и враќање кон „состојба на точката од страна на лицето“ (паним), што им овозможува „да не загинат во прогон“.
Во ова е смислата на кажаното: „Направи Ми отвор како иглени уши“. Значи Зеир Анпин бара од Малхут да ја привлече Светлината Хохма. Иако Хохма не може да свети без Хасадим, па затоа се нарекува само „отвор како иглени уши“, тогаш „Ширум ќе ги отворам пред тебе Вишите порти“, односно откако ќе и даде Хасадим, благодарение на кои во неа ќе може да влезе Светлина. А сè додека таа не ја привлече Светлината Хохма и додека нема Хохма, туку само Хасадим, тоа се нарекува „отвори ми, сестро моја“. Со добивање на Светлината Хохма, Малхут се нарекува сестра.