Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

184. Разликата меѓу вербата и разумот

Слушнав на 15-ти Шеват (14-ти февруари 1949 г.), во Тверија

Разликата меѓу вербата и разумот.

Вербата има предност затоа што на телото дејствува повеќе од разумот бидејќи е поблиска до телото. Вербата е својството Малхут, а телото исто така спаѓа во Малхут. Затоа и вербата дејствува врз телото.

Разумот пак, кој спаѓа во 9-те први Сфирот, не може да дејствува во истата мера на телото. Наместо тоа, предноста на разумот е што тој се смета за духовен во споредба со вербата, која пак се смета за материјална, односно дека се однесува на телото. Во духовното постои законот: „Во духовното не се губи ништо“ и секое ново поправање се додава на претходното („Капка по капка – езеро“).

Меѓутоа вербата, како и сè што е материјално и осудено на пропаѓање, доаѓа и се губи и минатото пропаѓа, без да се соедини со сегашноста и иднината. Затоа, иако вербата во однос на разумот дејствува врз човекот сто проценти за време на самото дејствие, тоа дејствие на вербата е само привремено. Додека разумот пак, дури и да дејствува само еден процент, тој еден процент останува постојано и после сто такви дејствија, ќе се соберат сто проценти, кои што еднократно би произлегле од вербата. Но, и  да произлезат сто проценти од вербата, сепак човекот ќе се врати на претходната состојба, а разумот ќе остане со него засекогаш.

Познато е, на пример, дека ако човекот учи нешто, подоцна и да го заборави, сепак во него остануваат делови од тоа во разумот. Значи, колку што го користи својот разумот – толку тој и ќе се развива.

Материјалното пак, кое постои во времето и во просторот, не може да се менува, како што не може истокот да се сретне со западот на едно исто место или како што поминатиот час не може да се совпадне со моменталниот. Но, во духовното сè може да се случува во исто време.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели