Во Сабота е забрането да се извршува било која работа, односно забрането е возбудувањето од долу (итарута де-летата).
Ученикот на мудрецот, односно оној кој заслужил да учи кај Самиот Создател (достигнал примање на Светлината на мудроста, Хохма, од Создателот), кој се нарекува Мудрец, самиот станува „возбудување одозгора“ како последица од откривањето на тајните на Тора.
Затоа, кога доаѓа возбудување одозгора, што се нарекува „Сабота“, тогаш и „обичниот човек“, односно телото, го опфаќа трепет и природно, во таква состојба нема простор за работа.