Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

187. Изборот е во поголемиот напор

Смислата на изразот „Малхут се наоѓа во очите“ е тоа што се создава екран и сокривање кое ги покрива очите, не дозволувајќи им да го видат скриеното управување на Создателот.

Суштината на обидот е во тоа што човекот нема можност да избере ни едно, ни друго. Значи, не може да ја осознае желбата на Создателот и намерата на учителот. Иако тој е во состојба да ја заврши работата жртвувајќи се себеси, сепак не е способен да види дали неговата работа ќе биде токму таква, каква што е потребна, за која што тој ја дава целата душа или пак таа ќе се размине со желбата на Создателот и со мислењето на учителот.

За да го направи правилниот избор, потребно е да го избере она што го обврзува човекот да ги зголемува своите напори, односно треба да го слуша учителот дека на човекот му се дадени само напорите и ништо повеќе. Но, ако е така, тогаш човекот воопшто нема таква состојба, кога тој би можел да се сомнева како да постапи и каков избор да направи, туку едноставно секогаш треба да ги зголемува напорите.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели