Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

189. Дејствие кое создава мисла

Слушнав на 27-ми Тишреј

Зошто на човекот му е својствена таква острина на мислата, инспирација и луцидност и сите негови органи искоординирано работат во полна брзина додека тој мисли на материјални придобивки? А кога станува збор за душата и треба да се поработи за некоја духовна придобивка, тогаш човековото тело и сите негови чувства работат со голем напор?

Работата е што човековиот разум и мислите се само отпечаток од дејствијата на човекот кои се одразуваат во него како во огледало. Затоа, ако во основа човекот се грижи за материјални потреби, тогаш тоа се одразува во огледалото на неговиот разум, односно сите тие потреби оставаат отпечаток во неговиот разум и тогаш тој може да го користи тој разум за достигнување на сè што ќе посака, затоа што неговиот мозок прима животна енергија од материјалните цели. Токму затоа ова е местото од кое тој добива животна енергија и кое тој го опслужува. Додека пак, духовното во неговиот мозок сè уште не оставило толку спомени и информациски записи (решимот) кои би биле доволни за да добива од нив животна сила и воодушевување. Еве зошто мозокот не е подготвен да му служи не човекот за потребите на неговата душа.

Затоа тој мора да се надминува себеси и да исполнува голем број дејствија и работи, сè додека тие не се отпечатат кај него во мозокот. Тогаш, секако неговиот разум ќе се зголеми и ќе му служи со максимална брзина и острина уште повеќе отколку за материјалните придобивки, затоа што разумот е најблиската „облека“ до душата.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели