Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

196. Вшмукување на егоизмот

Слушнав во 1938 г.

Нечистите намери (клипот) можат да постојат само онаму каде што има неисполнетост и несовршенство. Ако се појави совршенство, нечистите мисли веднаш се губат и немаат никаква можност да допрат до чистите намери.

Во ова е смислата на поделбата на келим, на намерите, при која што се случува одделување на Светлината Хохма од Светлината Хасадим. Бидејќи се создала парса меѓу светот Ацилут и световите БЕА, Светлината Хохма не може да се спушти под парса. Под парса може да се спушти само Светлината Хасадим, во која претходно била Светлината Хохма – само таа, ослободувајќи се сега од Светлината Хохма може да се спушти долу. Излегува дека кај нив останале уште сили од претходната состојба, а тоа дејствие се нарекува „спуштање на светоста во нечистите намери, клипот“.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели