Слушнав во Сабота, 1-ви Кислев, во Тверија
Ослабувањето на екранот, што се случува во духовниот парцуф, предизвикува излегување, губење на Светлината од него, бидејќи после Цимцум Алеф, Светлината може да се наоѓа само во кли, што претставува екранот. Екран е силата која ги одбива самонасладувањата и кај него основата е кли. Затоа кога исчезнува екранот, исчезнува и Светлината.
Кли е верба над знаењата. Кога таа постои, тогаш Светлината се појавува и според својата природа влијае врз екранот со тоа што го ослабува, односно го поништува клито „Верба“ и доведува до клито „Знаење“, по што од него веднаш исчезнува Светлината. Затоа потребно е да се обнови и зголеми клито „Верба“, односно да се направи екран на „Знаење“. Само во тој случај не се губи Светлината.
На секое кли му недостига Светлина со која што тоа би можело да се исполни. Излегува дека секое место каде што се чувствува недостаток од Светлина дава можност за верба. Ако се исполни, нема да стане кли, нема да остане место за вербата.