Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

201. Духовното и материјалното

Слушнав на првиот ден од Ханука (18-ти декември 1938 г.)

Зошто гледаме дека заради материјални добивки многу луѓе работат со пот на лицето, дури и онаму каде што постои опасност по животот? Додека работата за духовни придобивки кај секого предизвикува безброј прашања и сомнежи.

И не само тоа. Заради материјалното човек се согласува да работи дури и за мала награда, а заради духовното не почнува да работи додека целосно не се увери дека ќе го добие она на што смета.

Зарем на разумот не му е апсолутно јасно дека телото, односно сè што е материјално не може да има никаква вредност бидејќи неговиот крај е очигледен и од него ништо не останува.

Затоа е лесно да се напушти телото, бидејќи тоа секако не е вечно. Додека пак, во духовното егоистичките намери, наречени „клипот“ го бранат телото и неговото постоење, па затоа е тешко ослободувањето од нив.

Од оваа причина човек кој живее само материјално лесно го напушта своето тело, не чувствувајќи никаква тешкотија во тоа. Но, во духовното воопшто не е така. Тешкотијата при одделувањето со желбите на телото (егоистичките намери на човекот, намерите „за себе“) е спротивната страна (АХАП) на идните чисти желби (намери „за Создателот“).

Овие чисти желби се нарекуваат „себежртвување“ (месирут нефеш). Токму благодарение на нив човекот се удостојува со Светлината на Создателот. Пред да стане спремен да се жртвува себеси, невозможно е да достигне никакво духовно ниво.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели