Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

203. Гордоста го спушта човекот надолу

Слушнав на вториот полупразничен ден од Сукот (12-ти октомври 1938 г.)

„Гордоста го спушта човекот надолу“, го води кон паѓање. Познато е дека човекот е создаден како најнизок. Но, ако нискиот го знае своето ниво, тој не страда од тоа што е ниско, затоа што тоа е неговото место. Слично на нозете, кои не чувствуваат пониженост од тоа што одат по нечистотија и мораат врз себе да го носат целото тело, на кое што главата е најгоре. Бидејќи нозете ја знаат својата намена, тие не чувствуваат никакво понижување и не страдаат од својата ниска состојба.

Но, ако посакаат да се издигнат нагоре, а се принудени да останат долу, тогаш би почувствувале страдање. Затоа „гордоста го спушта човекот долу“ – бидејќи ако човекот би сакал да остане во ниска состојба, тој не би ја чувствувал таа состојба како ниска, односно не би чувствувал никакви страдања заради тоа што таков се родил, како што е речено: „Од диво магаре се раѓа човек“. Меѓутоа, од причина што посакува да се гордее со себе, тој ја чувствува својата ништожност и затоа страда.

Страдањата и чувството на ништожност се неразделни затоа што ако човекот не страда, не се смета себеси за ништожен. Тоа одговара токму на степенот на неговата гордост, кога посакува висока положба, но ја нема, па затоа ја чувствува положбата на која се наоѓа како ниска.

Тоа чувство на ништожност потоа се заменува со гордост, како што е речено: „Завладеа Создателот, се облече во величие“ (Псалм 93). Бидејќи, ако достигне соединување со Создателот, се удостојува со гордост и величие, според зборовите од молитвата: „Гордоста и раскошот се за Создателот“. Во човекот кој достигнал соединување со Создателот постои огромна гордост, а во степенот во кој ја чувствува својата ништожност и страда од неа тој се удостојува со облекување во величието на Создателот.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели