Слушнав во 1938 г.
„Мудроста повикува на улицата, на плоштадите го пушта својот глас. Кој е глупав, нека дојде тука. На оној без срце таа му рече...“ (Мишлеј).
Кога човекот се удостојува со соединување со Создателот, самото откривање на Создателот, наречено „Шхина“ му вели дека ако претходно тој бил принуден да постапува како да е глупав, наспроти разумот (со верба над знаењата), тоа не е затоа што таква всушност била вистината, туку од причина што му недостигало „срце“. Еве зошто ние велиме: „И сите веруваат дека Создателот е Бог на вербата“.
Но сега, кога се удостоил со подлабоко соединување со Создателот, тогаш не треба да се вели дека постапува како да е глупав, односно на сила „со верба над знаењата“. Напротив, тој треба да работи и да верува дека неговата работа е над знаењата, без оглед на тоа што гледа и чувствува дека работи внатре во знаењата. Сосема е обратно од она што тој го увидел порано, дека разумот не го обврзува за ропство на Создателот. Без оглед на тоа, тој морал да работи над знаењата говорејќи дека таму е вистинското знаење.
Всушност, тој верува дека тоа ропство е подлабоката реалност, а потоа обратно – целата негова работа го обврзува него, неговиот разум, односно соединувањето со Создателот го обврзува на ропство. Тој верува дека е над знаењата сето она што го видел внатре во знаењата. Додека претходно, сè што е над знаењата го прифаќал како да е внатре во знаењата.