Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

206. Верба и насладување

Слушнав во 1938 г.

Човекот никогаш не се прашува себеси: „Зошто, со која цел се насладувам?“. Ако му се појави дури и најмала мисла да се праша за смислата на насладувањето, тоа значи дека тој нема вистинско насладување, затоа што вистинското насладување треба да ги исполни сите празнини на желбите толку, што повеќе нема да има ниедна празнина. Тогаш и во мислите и во свеста не останува простор за прашања за смислата на насладувањата. А доколку се праша за целта на насладувањата, тоа е знак дека насладувањето сè уште не е совршено, па затоа и не ги исполнува сите празнини на желбите.

Истото е и во однос на вербата: таа треба да го исполни целиот простор наместо знаењата. Затоа е неопходно да го замислиме тоа како да не исполнува знаењето и да се стремиме да се исполниме со верба во истиот степен на местото на знаењата.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели