Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

210. Убава мана во тебе

Талмудот раскажува дека еден човек и рекол на својата жена: „Нема да те сакам додека не ја видиш убавата мана во себе“. И објаснува Раби Ишмаел, син на Раби Јоси, дека Создателот не може да се соедини со човекот додека тој не ги види во себе потребните, прекрасните својства. Ако може човекот да рече дека тој има убави својства, со тоа Му помага на Создателот во меѓусебното зближување, затоа што Создателот му помогнал токму на него, а не на некој друг. Значи, во него го има она што го нема кај другите: верба, добри својства, добро срце, молитва...

Талмудот продолжува: за да го привлече Создателот кон Себе човекот, тој мора да има, исто како убавата жена:

Голем ум – поголем од другите, за да не се расправа со нивните докази чиј пат е правилниот,

Убава коса – кога се грижи за чистината и исправноста на својот пат „до дебелина на влакно“,

Убави очи – за да ја види убавината во духовното, која не може да се замени со ниедна надворешна убавина,

Убави уши – за да не ги слуша клеветите против Создателот и патот кон Него.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели