Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

211. Како да стои пред Царот

Слушнав на 1-ви Елул (28-ми август 1938 г.)

„Оној кој седи во својот дом не е како оној кој стои пред Царот“. Значи вербата треба да биде таква што човекот постојано ќе се чувствува како да се наоѓа пред Царот, што предизвикува совршена љубов и трепет. Додека не достигне таква верба, не може да си дозволи пауза и одмор затоа што тоа е негов живот и никакви поинакви награди не треба да посакува да добие наместо вербата. Отсуството на верба треба да се чувствува во целиот човек така што ќе му стане навика, негова втора природа, во степенот на кажаното: „Си споменувам за Него и не можам да заспијам“.

Но, впечатоците од овој свет го гасат чувството за отсуство на верба, бидејќи секое насладување го поништува страдањето и болката. Затоа тој не сака да добива никаква утеха во својата состојба. Треба да внимава било кое материјално примање да не го поништи стремежот кон духовното, а тоа е можно само ако самиот жали што насладувањата ги гасат искрите на чистите намери и чувствата од недостатокот на духовното. Тоа жалење и болката го чува, не давајќи да се изгубат чистите духовни желби.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели