Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

213. Откривање на желбата

Основната работа е зголемување на желбата, затоа што врз неа се гради целата духовна градба, а основата на градбата ја одредува нејзината цврстина.

Има многу причини кои го присилуваат човекот да вложува напори, но не го водат кон потребната цел. Затоа лошата основа ја расипува целата градба. Иако од „ло лошма“ (заради себе) се доаѓа до „Лишма“ (заради Создателот), сепак е потребно многу време за враќање кон целта. Затоа е потребно целта секогаш да ни биде пред очите.

Како што е речено во „Шулхан Арух“: „Секогаш се замислував себеси како да стојам пред Царот“, затоа што оној кој стои пред Царот не е како оној кој седи дома. Оној, кој верува во Создателот, „Кој ја исполнува целата земја со Својата големина“, е полн со трепет и љубов. Тој нема потреба од подготовки и размислувања за да Му дава на Создателот, туку целосно и апсолутно Му е предан на Него, се разбира, според силата на самата негова природа.

Како во нашиот свет, вистинската љубов предизвикува стремежи и мисли само кон љубениот, само за тоа што би можело да му се направи добро и да се избегне какво било наштетување. Таа не бара никакви претходни комбинации и голем ум, затоа што е природна, како што е љубовта на мајката кон синот, чија што цела грижа е само доброто на детето и која не бара никакви подготовки и размислувања за да го сака.

Природното чувство се појавува само и не е потребен ум за да се присилат чувствата. Сè произлегува непосредно од самите чувства, кои сами по себе работат пожртвувано, како што ги обврзува природната љубов. Силата на љубовта го присилува човекот да го даде целиот живот за достигнување на целта, а без тоа – животот не е живот.

Затоа оној кој се чувствува себеси како да стои пред Царот, чувствува совршенство, односно присуство на вербата, а додека не се почувствува себеси како да стои пред Царот, го чувствува спротивното.

Од оваа причина човекот мора да согледа дека најважно е да достигне служење на Создателот и да жали за недостатокот на верба, сфаќајќи дека потребата од вербата е целата негова основа. Исто така, мора да се моли, да бара и да вложува напори за да го почувствува недостатокот од верба бидејќи ако не чувствува потреба од верба, тоа значи дека ја нема потребната желба за примање на исполнување. Треба да верува дека Создателот ги слуша молитвите на секого и спасува, давајќи совршена верба.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели